Мали тајни за убава кожа

Мали тајни за убава кожа

За да имате убава, мека, младешка кожа, разгалете ја. На убавината честопати се гледа како на огромна низа скриени тајни врз кои се потпира прекрасниот изглед на една индивидуа.

Добрата и соодветна нега на кожата може да помогне во забавување на природниот процес на стареење и да спречи голем број проблеми. Треба да ја потенцирате не само вашата внатрешна убавина, туку и прекрасната надворешност. Еве пет едноставни совети кои ќе ви помогнат да ја заштитите кожата и да ја одржувате здрава и сјајна.

Мали тајни за убава кожа

Внимавајте што јадете и пиете и откажете се од пушењето

Вашето тело е ваш храм што мора да го снабдувате секојдневно со здрави оброци и пијалаци кои ја стимулираат работата на телото и на самата кожа. Затоа, уживајте во исхрана полна со свежо овошје и зеленчук, пијте два литри вода на ден, намалете го внесот на алкохол и пијалаци со кофеин и кажете му „не“ на пушењето. Освен што е штетно за организмот, пушењето го забрзува стареењето на кожата и предизвикува брчки.

Со спиење до здравје и свежина

На нашата кожа ѝ треба одмор, затоа обидете се да имате здрав, мирен сон за да функционирате подобро и полесно во текот на целиот ден. Ноќта е времето кога кожата се обновува, затоа спијте најмалку 6 часа.

Редовно вежбање

Вежбајте редовно и тоа ќе ви се исплати повеќекратно: ќе бидете посвежи на работа, ќе се чувствувате поудобно и задоволно и ќе бидете посреќни во контакт со други луѓе. Кога се потиме, нашите пори дишат, па обидете се да вежбате без шминка за полесно да дишат.

Заштитете се од сонцето

Бидете сигурни дека вашата крема за сончање штити од УВА и УВБ-зраци затоа што се подеднакво опасни. Во првите сончеви денови се препорачува да се примени поголем фактор за заштита од сонце затоа што на кожата тогаш ѝ е потребна силна заштита.

Запознајте го вашиот вид кожа и спроведете дневна програма за нега

Негата на кожата е важна за лицето: гелови за чистење, тоници, млеко за лице, но треба да бидете сигурни дека тие се приспособени на вашиот вид кожа. Обрнете внимание и на сезоните што се менуваат. Исто како што носиме различна облека во зима, мора да користиме и различни препарати.

Не заборавајте да ја отстраните шминката вечерта, особено од областа околу очите. Бидејќи само кога кожата е правилно исчистена, навлажнувачкиот крем за кожа ја извршува својата задача да ја обновува, да ја хидрира и да ја заштитува кожата.

Колку долго треба да чекате за ефектот на козметичките препарати?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар