Македонците признаваат: 15 женски навики што најмногу нè нервираат

Македонците признаваат: 15 женски навики што најмногу нè нервираат

Ги прашавме мажите кои женски навики не ги сакаат, и нивните одговори нè насмеаја, нè изненадија и нè натераа на размислување. Прочитајте во продолжение што тие навистина не можат да поднесат кај жените со кои секојдневно се сретнуваат и комуницираат.

„Фамозниот ПМС. Дали воопшто постои ова чудо или сами си го измисливте? Секој месец пред тоа нешто да нападне, таа ми зборува да се подготвам бидејќи ќе биде малку нервозна, а брзо потоа се лути кога ќе ѝ кажам дека сигурно е нервозна поради ПМС-от.“

„Од сите настани во животот наоѓа некои неважни годишнини. Секако дека не се сеќавам кога прв пат сме отишле заедно на пат. Немам време да размислувам за тоа каде сме оделе некогаш, туку се радувам на местата што допрва ќе ги посетиме.“

„Најмногу ме нервира кога ќе каже дека не е лута и дека сè е во ред, а јас гледам дека тоа не е вистина. Таа всушност чека да почнам расправија за темата за којашто наводно не ми е лута затоа што таа не сака да биде првата што ќе го почне разговорот. Јас најчесто не ни знам што е проблемот, па не знам ни што да прашам и затоа ќутиме неколку часа додека таа конечно не пукне.“

„За нас мажите, сексот е најслабата точка, и нема што не би направиле ако ни се скрати. Затоа и најмногу се нервирам кога ќе го искористи сексот како свое тајно оружје за победа во караниците. Многу пати поради тоа сум преземал вина за нешто што не сум го ни направил.“

„Кога молчам затоа што не ми се разговара со никој, таа ме прашува за што размислувам. Во тие моменти не размислувам за ништо. Кога навистина ќе се замислам, мислите ми одат кон храна, работа и секс. Со неа, а не со бившата, за што таа често ме обвинува.“

„Мислам дека секогаш намерно се расплакува кога се караме затоа што знае дека јас немам поим како да реагирам на нејзините солзи.“

„Понекогаш едноставно не престанува да зборува, како да се натпреварува со некој за тоа колку зборови може да изговори во 24 часа. На сите ни треба малку мир и тишина.“

„Го споредува својот изглед со другите жени и се критикува самата себеси, а кога ќе ѝ дадам комплимент, ми вели дека лажам. Не ѝ е јасно дека за мене таа е секогаш најубава.“

„Ништо од тоа што го правам не чини, секогаш сум за нешто виновен. Па, барем се трудам да направам сè што бара, за разлика од другите мажи.“

„Полудувам кога ме споредува со бившите. Тоа најчесто се случува кога се караме за нешто. А ако јас случајно ја спомнам својата бивша, мислам дека би настанала апокалипса.“

„Нејзиниот ирационален страв од одење во тоалет во моја близина на момент ми е смешен, а на момент многу ме нервира. Нема шанси да би истрпил нешто такво поради неа или поради кој било друг.“

„Многу ми пречи љубомората без причина.“

„Не ми е јасно зошто секоја ситница за нашата врска мора да биде раскажана на пријателките. Некои нешта би требало да останат помеѓу нас, а не да ги знае целото друштво.“

„Ме тера да одиме во шопинг и потоа ме тера да пробам сто фармерки и маички. Не, не сакам. Одбивам да го направам тоа.“

„Очекува да ѝ ги читам мислите. На мажите едноставно треба да им се каже што се бара од нив, не сме ние магионичари.“

Мажите ги признаваат и најлудите романтични нешта кои ги направиле за нивните девојки.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар