Кошмари кај децата: 6 начини да ги запрете страшните соништа

Додека децата од предучилишна возраст активно фантазираат и се плашат од „чудовиштата под креветот“, малку постарите деца кои се на возраст од 6 до 10 години, имаат повеќе реални стравови, како киднапирање, грабеж и земјотреси, па затоа многу често имаат и кошмари. Едно германско истражување покажало дека 96% од децата на возраст од 7 до 9 години имаат кошмари. Покрај тоа, повеќето мали деца одговориле дека нивните соништа најчесто се поврзани  со она што во текот на денот го гледале на телевизија.

Кошмари кај децата: 6 начини да ги запрете страшните соништа

Кошмарите се случуваат во периодот на РЕМ фазата, и децата понекогаш едноставно не се будат по нив. Ваквите соништа влијаат на телото, прават забрзување на работата на срцето и често се случува детето да се разбуди.

Тие се толку исплашени кога ќе се разбудат, па и куќата може да им изгледа страшно, па затоа многу потешко можат повторно да заспијат. На децата навистина може да им биде проблем да направат разлика помеѓу фантазијата и реалноста, па тие се спротивставуваат на тоа да се вратат на спиење од страв дека „она страшното“ може повторно да ги чека таму.

Експертите нагласуваат дека соништата се поврзани со искуствата кои ги доживуваат децата во текот на денот. Доколку имаат лоши соништа, тие веројатно поминуваат низ одреден период во нивните животи што е нормален дел од развојот. Меѓутоа, доколку ваквите соништа се јавуваат премногу често, размислете за можните извори на стрес кај вашето дете.

Како да му помогнете на детето?

1. Имајте разбирање

Доколку детето има лош сон, најдобро е да му кажете дека тоа е само сон и да се врати во кревет. Сепак, за детето тој сон е целосно реален. Оставете го да ви каже како се чувствува. Можете да пробате и со тоа да му кажете дека може да замислите колку тоа било страшно, но дека сега нема страшен човек во собата.

2. Одредите време за спиење

Кошмарите почесто се јавуваат кај децата кои си легнуваат подоцна. На децата кои се на училишна возраст им се потребни 10 до 11 часа спиење. Исклучете ги електронските уреди половина час пред спиење, за да може мелатонинот  да се лачи нормално за време на спиењето. Во тој период најдобро е да се посветите на смирени активности како што се друштвени игри, капење, гледање во ѕвездите преку прозорец и слично.

3. Опуштете го

Смиреното тело и ум многу полесно ќе потонат во сон. Најдобра техника за тоа е следењето на воздухот кој поминува низ телото, најпрво преку десната а потоа и преку левата ноздра.

Новата мека играчка, исто така, може да му помогне на детете да се чувствува побезбедно. Една израелска студија открила дека децата со нова играчка имале значително помалку кошмари и други симптоми на стрес, затоа што верувале дека таа ги чува или дека тие ја чуваат играчката.

4. Не игнорирајте го  „страшното“

Погрешно е да го тргате детето од она што го плаши. Подобро е да го научите да ги прифаќа и толерира работите кои го плашат. Во суштина, колку почесто детето ќе го гледа или ќе размислува за она што го плаши, тоа ќе му станува се помалку страшно.

Поминете 15 мнути во текот на денот фокусирани на тие кукли, плашила или што и да е причината за стравот на детето. Можете да испечатите слика од куклата и потоа да му дозволите на детето да ја исече со ножици, исто така можете да направите и забава со куклите или пак детето да им чита приказни.

5. Тренирајте го детскиот мозок

Лошите соништа понекогаш може да претставуваат и само навика на детскиот мозок. По кошмарот, идеално би било да почне да размислува за нешто убаво и забавно. Насочете го да замислува како го менува каналот на кој се прикажува лош сон, и потоа сè ќе е во ред.

Можете да му помогнете да прави разлика помеѓу фантазијата и реалноста. Доколку погледнете под креветот и му кажете дека нема чудовиште, всушност му потврдувате дека тие постојат. Наместо тоа, земете калкулатор и пресметајте колку ноќи детето спиело во домот, а потоа прашајте го колку пати бил домот ограбен. Доколку се плаши од земјотрес или пожар, обидете се да разговарате со него за пронаоѓање на решение. Можете, на пример, да направите план за евакуација и мерки за претпазливост.

6. Охрабрувајте го детето

Следниот чекот е да го охрабрите вашето дете да стави крај на лошите соништа на магичен или бесмислен начин. Замислување на негативецот како пропаѓа во када полна со шпагети, или претварање на чудовиштето во чоколадо, сигурно ќе го намали стравот и ќе го претвори во забавна ситуација.

Понекогаш не постои едноставно решение и детето едноставно мора да го надмине стравот.

Можеби сакате да прочитате и дека оваа грешка пред спиење може да ви предизвика ноќни кошмари.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар