Ќе пронајдете вистинска љубов дури после неколку болни неуспеси

После неуспешна врска луѓето често знаат да се прашаат зошто ниедна нивна врска не им успеала и дали нешто не е како што треба со нив. Постои причина за речиси сите неуспешни обиди за да се одржи здрава врска, но сите тие водат кон една болна лекција што мора да се научи. Во денешно време не е лесно да се најде љубов, а изгледа дека е уште потешко истата да се одржува.

Низа фактори играат улога кога е во прашање вистинската врска што е полна со љубов

Еден од тие фактори е временското усогласување. Двајцата партнери мора да се на истата страна во исто време. Згора на тоа, таквото усогласување се случува еднаш (или максимум двапати) жртвувајќи една или две (или повеќе) неуспешни и болни врски. Додека го читате ова можеби се потсетувате на една ваша врска од минатото што ви оставила лузни на некаков начин. Се сеќавате како неуморно се обидувавте да ви успее додека всушност ништо не се променуваше на долг рок?

Едноставно не сте биле еден за друг, но не сте сакале да го прифатите тоа. Никој не сака да го прифати тоа. Тешко е кога ќе сфатите дека личноста што сте ја сакале најмногу не е создадена за вас. Дури и ако мислите дека тој/таа единствено можат да распламтат оган и топлина во вас, сепак ќе мора да го/ја оставите во минатото. Како што се очекува, прекинот на врската е неподнослив удар во реалноста. Многу непроспиени ноќи и денови ќе бидат проследени со болка, но ќе поминат. Што е најважно, сега веќе имате искуство зад вас.

Животна лекција?

Заздравувањето е долготраен процес и нема да се случи преку ноќ. Многу корисни животни лекции се скриени зад ова болно искуство. Првично ќе препознаете дека можете да љубите некого многу длабоко, но мора да препознаете кога е вистинското време за да заминете бидејќи заслужувате подобро. Како што ќе речат многумина, грешките се неизбежен дел од сечиј живот, а од најлошите искуства се учи најмногу. Можеби била потребна уште една животна лекција за да се подготвите за вистинската љубов која ве очекува во иднина. Многу е веројатно дека треба срцето да се скрши за да се сфати што е потребно и што е вистинско.

Што ако не научите ништо? Животот има интересен начин на повторување на ситуацијата неколкупати додека не се постигне потребното за да се созрее. Понекогаш може да се чувствувате како заглавени во маѓепсан круг со некого (или неколку врски со слични проблеми), но поверојатно е дека тогаш уште не сте ја научиле лекцијата.

Заслужувате вистинска љубов

Минувајќи низ поранешните лоши искуства вие ќе се стекнете со мудрост и искуство што ќе ви овозможат да ја пронајдете љубовта којашто ви требала цело време. Нема да има непроспиени ноќи, непотребна драма, недоразбирања или караници кои тешко се надминуваат. Грешките што сте ги направиле и лекциите што сте ги научиле го поплочуваат патот до вистинската личност. Ништо не е секогаш залудно. Ниту пак биле изгубени вашето време и енергија колку што си мислите. Бидејќи тие се инвестирани во некои поголеми причини кои во тој момент не сте ги согледале.

Личен раст

Откако ќе ја постигнете зрелоста ќе пристигнат смиреноста и грижливата природа коишто секогаш сте ги имале во вас. Со сталоженоста што е најпотребна искусувајќи ја оваа врска ќе сфатите зошто сите останати пропаднале. Како резултат на тоа ќе бидете убедени дека некои работи едноставно не можат да траат токму поради некоја причина.

Дознајте и кои важни прашања треба да си ги поставите пред да започнете нова врска.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Психолог кој најдобро се изразува преку пишаниот збор. Нејзиниот личен лајтмотив гласи: „Остани своја и поинаква бидејќи само така ќе блеснеш во полн сјај!“

Поврзани содржини

Остави коментар