Како нашиот Блаже Аризанов од струмичко с. Борисово, стана милионер во Индија? - Part 2

Како нашиот Блаже Аризанов направи милиони поддржувајќи го сексот пред брак во религиозната Индија?

6. Како се релаксираш и одмораш кога ти е потребно „полнење на батериите“ или кога надежта полека те напушта? Каква музика слушаш?

Секојдневно практикувам медитација, не за да доживеам просветлување, туку за да видам дали во меѓувреме ми се провлекле емоции кои филтерот на интелектот ги нема анализирано (гнев, страв, ако сум гневен зошто сум, ако сум уплашен што предизвикало да се чувствувам така, рационални ли се тие емоции или не се?). На менталното здравје обраќам исто толку внимание колку и на физичкото, агресивно се ограничувам и практикувам информациона диета.

Како нашиот Блаже Аризанов од струмичко с. Борисово, стана милионер во Индија?

Музика исто така, слушам комплексна којашто ги ангажира слушните сетила. Никогаш не сум почувствувал губиток на надеж, освен оној кобен момент опишан во „Белиот трофеј“, бидејќи немам конкретна цел во животот и бидејќи не се гледам себеси како статична појава, со статичен поглед кон светот, туку како битие кое постојано еволуира.

7. Во книгата спомнуваш дека со години практикуваш јога и медитација. Дали земјата на јогата – Индија те мотивираше да започнеш да ја практикуваш оваа дисциплина? И во Македонија веќе две децении се популарни овие дисциплини за добросостојба на телото и умот, но сè уште постојат голем број скептици. На кој начин тебе дека ти помага во животот?

Почнав да практикувам јога за прв пат во Индија, да. И за жал јогата е сè повеќе предмет на недоразбирања. Оние кои се заинтересирани за неа, претежно се заинтересирани од погрешни причини, а пак скептиците не знаат за што зборуваат. Јогата има за цел да формира унија помеѓу спротивставените тенденции во нашето битие, кои откога ќе бидат балансирани, придонесува за неверојатни реализации и огромно количество новоослободена енергија. За најдобра визуелна репрезентација на погоре кажаното, препорачувам да го погледнете анимираниот Наруто Шипуден, епизода 245, сцената пред водопадот.

Како нашиот Блаже Аризанов од струмичко с. Борисово, стана милионер во Индија?

8. Бројни млади ентузијасти пробуваат да започнат свој бизнис во Македонија, да извршат модернизација на некоја индустрија или проблематика, но и покрај добрите идеи, голем број од нив пропаѓаат. Дали сметаш дека проблемот е во пазарот, политиката, скептицизмот на локалниве бизнисмени да ги поддржат малите компании или до нешто друго?

Не се согласувам дека младите ентузијасти пропаѓаат поради немање финансии, туку поради немање стручност. Мораме да го адресираме „слонот во собата“. Еден добар маркетер, добар програмер и добар продавач можат да направат чуда и без надворешен капитал. Тука е и проблемот со неповолната бирократска инфраструктура и законодавство, реформите во тие полиња мора под итно да бидат рестартирани.

Како нашиот Блаже Аризанов од струмичко с. Борисово, стана милионер во Индија?

Со чаршав на глава, бидејќи нема пари за вистински турбан, Блаже им прави офлајн промоција на Индијците

9. Дали знаеше дека најчитана категорија на Кафе пауза е Астрологија? Кажи ни што си во хороскоп и дали сметаш дека твојот знак во себе крие карактеристики, кои ти помогнаа да стигнеш онаму каде што си сега?

Во хороскоп сум Близнаци. Искрено немам прочитано хороскоп со години, а од принцип филтрирам консумирање на слична таблоидна содржина.

Жал ни е што ја доживуваш астрологијата како таблоидна содржина, веројатно воглавно поради нејзината пренагласена комерцијализација на Интернет во последниве години. Близнаците спаѓаат во групата на воздушни знаци. Тие поседуваат мисловна енергија и се креатори на идеи. За нив се вели дека уште како деца се привлечени од сè што е ново и постојано прашуваат за сè што гледаат и слушаат. Својата интелигенција ја користат за брзо снаоѓање и импровизации. Сакаат брзо да ги завршуваат обврските. Нивното мото е: „Ќе ја заобиколам Земјата за четириесет минути.“

Можеби во овие особености пронајде некои сличности со твојот карактер? Ако решиш да им дадеш шанса на најпопуларните содржини на Кафе пауза на сите времиња за твојот хороскопски знак, можеби ќе успееме бар малку да те премислиме? 😊

  1. 30 брутални вистини за карактерот на Близнаците
  2. Астролошки профил на Близнаците
  3. 10 знаци дека сте апсолутни Близнаци

Како нашиот Блаже Аризанов од струмичко с. Борисово, стана милионер во Индија?

10. За крај, што би им препорачал на идните Македонски претприемачи? Како би ги охрабрил младите да започнат сопствен бизнис на нашите простори?

И покрај сè, живееме во најповолниот историски период во човековата цивилизација, во кој повеќе луѓе умираат од прејаденост отколку од глад, во кој за првпат е поисплатливо да се одржи мир, отколку да се војува. Ајде да научиме да ги користиме тие придобивки. Размислувај и делувај во услови на глобално поврзан свет, наместо во услови на некакви си нации и нивните бедни наративи. За крај, обавезно да си ја прочиташ „Белиот трофеј“ за да видиш што подразбирам под „Ако можев јас, можеш и ти“.

Како нашиот Блаже Аризанов од струмичко с. Борисово, стана милионер во Индија?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар