Како да се спремите од глава до пети за само 7 минути?

Денот е премногу краток за да успеете да постигнете сè што ќе посакате, па токму затоа најчесто дамите не се задоволни доколку не успеат добро да се подготват за излегување. За среќа, експертите за убавина имаат одлично решение. Станува збор за неколку трикови кои во 7 минути ќе направат да почнете да сјаете и кои ќе ви ги скријат сите недостатоци…

Како да се спремите од глава до пети за само 7 минути?

Немате време да ја измиете и фенирате косата?

Нема проблем. Сè што ви е потребно е само шампон за суво миење кој ќе го нанесете на косата и вашата фризура ќе биде готова за една минута. Ако немате ваков шампон, на темето нанесете талк пудра и добро протресете ја косата со прстите. Доколку имате шишки, измијте ги само нив, а остатокот од косата соберете ја во коњско опавче или пунџа за секси и елегантен изглед.

Немате време да се нашминкате?

Прескокнете ја основата и директно нанесете течна пудра која ќе го освежи вашето лице. Сенката за очи и моливчето не се неопходни, но не заборавајте на руменилото бидејќи со него ќе постигнете најголем ефект. Доброто нешто кај него е што можете да го нанесете на било кое место, без разлика дали сте во лифт, автомобил, автобус…

Црвениот кармин предизвикува секоја дама да изгледа дотерано, па токму затоа доволен ви е само тенок слој за целосно да сјаете. Исто така секогаш чувајте го вашиот парфем во торба, со цел да го ставите додека чекате лифт или трчате по скалите.

Немате време да најдете соодветна облека?

Токму поради овие ситуации стилистите секогаш советуваат да имате однапред подготвено една модна комбинација за „итни случаи“, која ќе ви биде на дофат и ќе можете да ја облечете за само неколку секунди.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар