Како да одгледате силна и независна ќерка?

Денес е вистински предизвик да се биде жена. Уште поголем предизвик е да одгледате една. Кога таа идна жена е вашето мало девојче, важно е да ја научите како да биде независна. Ако сакате вашето девојче да порасне во силна и независна жена, важно е да ја запознаете со овие животни вештини.

Како да одгледате независна ќерка?

1. Научете ја како самата искрено да заработува

Потребно е вашата ќерка да верува дека е доволно интелигентна за самата да заработува и да не биде финансиски зависна од партнерот или кој било друг. Важно е да ја научи важноста на тоа да заработува сама, но и како да го прави тоа на искрен начин. Научете ја да штеди, паметно да троши и како да го има животот што го сака со нејзината плата.

2. Научете ја да менува гума и да ја разбира механиката на автомобилот

И девојките треба да знаат да сменат гума на автомобилот. Ако некогаш се најде сама во таква ситуација, оваа вештина ќе ѝ биде од голема помош. Покрај тоа, објаснете ѝ ја основната механика на автомобилите за да може самата да се справи кога ќе се појави некој проблем.

3. Научете ја дека внатрешната убавина е поважна од надворешната

Денес девојчињата се изложени на многу нереални слики за нивниот изглед и однесување. Вашата ќерка треба да ја разбере важноста на добрината, моралниот компас и вредностите. Навистина е лесно девојките да ја изгубат нивната вредност обидувајќи се да ги достигнат нереалните прикажувања на изгледот на жената.

4. Научете ја како да се брани

Не дозволувајте вашата ќерка да биде ранлива само затоа што е женско. Потребно е да знае да се одбрани ако некој се обиде физички да ја нападне. Покажете ѝ ги основите за самоодбрана или најдете некој што ќе ја научи.

5. Научете ја како да се шегува

Шегувањето е важен дел од социјалната интеракција во и надвор од работното место. Важно е вашата ќерка да знае кога треба да биде сериозна и интелигентна, а кога може да користи сарказам и хумор. Треба да знае да покаже почит, но и да знае како да комуницира со останатите.

6. Научете ја за дискриминацијата

Постои голема можност вашата ќерка да биде жртва на дискриминација, без разлика дали тоа е поради нејзиниот пол, боја на кожа или кариерата што ја одбрала. Кажете ѝ што е дискриминација и покажете ѝ примери. Исто така потребно е да ја научите како да се справи со таквите ситуации.

7. Научете ја да каже „Не“

Ова е многу важно поради неколку причини. Вашата ќерка треба да знае како да одбие секс со личност што не сака да има односи. Треба да знае да одбие да направи нешто што не го сака. Одбивањето е нешто што е тешко за многу жени бидејќи често прави да се чувствуваат виновни. Дајте ѝ до знаење дека има право да каже „Не“ и дека тоа е важен дел од процесот на себезапознавањето.

8. Научете ја како изгледа вистинската љубов

Сигурно веќе знаете колку е важно ова. Знаете кој е најдобриот начин да ја научите на ова? Со пример. Ќерка ви ќе научи многу за врските гледајќи ве вас. Покажете ѝ што е вистинска, а што лажна љубов. Вистинската љубов не е посесивна и заканувачка.

9. Научете ја како да размислува сама за себе

Кога се помлади, родителите свесно или несвесно ги охрабруваат ќерките да размислуваат како нив. Се обидуваат да им ги наметнат нивните мислења, како на пример, каква облека да носат, каква фризура да имаат, на кој факултет да се запишат, за кого да гласаат и слично. Ова не треба да биде вака. Иако родителот има улога на водич, детето треба да биде способно самото да размислува и да има своја перспектива за работите. Охрабрете ја ќерка ви да размислува независно и да го искаже своето мислење. Секогаш бидете безбедно место за ќерка ви. Бидете личноста на којашто ќе може да каже сè што мисли без да се плаши дека ќе ѝ судите.

10. Научете ја дека секогаш ќе бидете овде за неа

Најважното нешто за вашата ќерка, без разлика дали е свесна сега за тоа или не, е верувањето дека секогаш ќе бидете на нејзина страна, ќе ја поддржувате и ќе ѝ помагате. Понекогаш нема да може сè да направи сама, па важно е да можете да ѝ помогнете.

Прочитајте ги и работите што треба да ѝ ги кажете на вашата ќерка тинејџерка.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар