Како да ги исчистите вашите чакри и аура?

Во текот на денот секој од нас собира и задржува многу енергетски отпад. Тој отпад е резултат на нашата и туѓата неискористена физичка и психичка енергија и разните емотивни состојби. Тие се „закачуваат“ на нашата аура и на некој начин ја валкаат.

Како да ги исчистите вашите чакри и аура?

Поради ова можно е да се чувствувате негативно, нерасположено, депресивно, уморно, болно, да имате несоница и слично. Хроничниот замор е сигурен знак дека сте полни со енергетски и психолошки отпад, па време е да го исчистите.

Со целата негативност во вас вие се движите низ работното место и домот и постепено ја пренесувате негативната енергија низ просторот. Просторот станува умрен и безживотен. Си замислувате дека и вие сте како просторија која однадвор изгледа добро, кога всушност внатре е запуштена.

Важно е редовно, односно секојдневно да ја чистите вашата аура и вашите чакри. Процесот е навистина брз и едноставен. Погледнете како да го направите тоа.

1. Замислете си прекрасна светлина во форма на јајце околу вашето тело. Потоа постепено почнете да го засилувате нејзиниот интензитет до максимум и ширете ја формата. Раширете ја светлината на околу 1,5 метри од вас. Останете во таа состојба неколку минути, вдишете ја светлината и почувствувајте како ви го исполнува целото тело.

2. Замислете ги вашите чакри како вентилатор кој ја привлекува блескавата светлина. Замислете како светлината ги отвора и ги прочистува чакрите, а потоа вдишете ги сноповите светлина кои се прелеваат во пастелно црвена, портокалова, жолта, зелена, светло сина и виолетова боја.

3. Почувствувајте како вашата чакра блеска.

Аурата може да има дупки како последица од разните физички и психички трауми, дури и од оние од детството. Секоја негативна мисла и блокирана емоција создава прекини во аурата. Ова има директно влијание на енергетскиот потенцијал, па затоа е важно со менување на начинот на мислење да ја заштитете вашата аура. Односно, здравата и чиста аура ќе ве насочува кон правилни и позитивни ставови.

Можете да ја исчистите аурата и со физичка активност, поминување време во природа, пиење природна бистра вода, јога и медитација, практикување љубов кон себе, слушање хармонични тонови, бои, сончева светлина и слично.

Покрај енергетското чистење на аурата, важно е одвреме-навреме да го чистите и просторот во кој живеете. Најдобро е тоа да го правите со раствор од вода и морска сол. Исчистете ги сите површини, покуќнина и подови, редовно проветрувајте и редовно чистете го одводот во тоалетот и кујната бидејќи таму се создава најголема концентрација на негативна енергија во домот.

Енергијата на просторот можете да ја исчистите со есенцијални масла, миризливи стапчиња, свеќи, кристали, свежо цвеќе, сончева светлина и звук.

Исто така редовно отстранувајте ги непотребните и стари предмети со цел да создадете место за доток на новата енергија и да се ослободите од товарот на минатото. Вашиот дом е одраз на вашата внатрешна состојба. Ако што било во вашиот дом е заглавено, скршено или негативно, со тоа се претставени блокадите на психолошките и емотивните енергетски текови.

Погледнете и кои се емоционалните проблеми кои покажуваат дека на вашата чакра ѝ е потребно лекување.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар