Како да направите гениј од вашето дете?

Како да направите гениј од вашето дете?

Развојот на децата е одреден од многу фактори, а најважно е во какво семејство тие растат. Бидејќи семејството е најважен и основен агенс на социјализација, многу е важно колку е тоа хармонично и какви се односите помеѓу членовите.

Како да направите од вашето дете гениј?

Педагозите од целиот свет се согласуваат дека за развојот на менталните способности кај децата неопходна е постојана комуникација со нив, различни игри и урамнотежена исхрана.

Освен тоа, докторите по медицински науки од Америка, Ројзен и Оз им ги нудат на родителите следниве правила кои ќе помогнат нивните деца да го развијат умот до генијалност:

  • Поттикнување преку игра (заедничките игри се многу корисни, особено оние во кои секој има своја улога).
  • Време за читање (обидете се да му читате).
  • Разговарајте со детето како да е возрасен човек, нека биде главен соговорник, а зборовите изговарајте ги колку што е можно појасно и без гестикулација.
  • Ослободете се од изворите на бука (исклучете ги телевизорот, компјутерите и телефоните.)
  • Пуштајте му музика.
  • Претворете ја обичната прошетка во вистински излет (покажете му на детето што се случува наоколу, нека обрне внимание на некои растенија или цветови, од каде е водата на асфалтот или од каде доаѓа дождот.)
  • Бидете пример кој треба да се следи (детето ќе сака да прави сè што прават неговите родители.)
  • Секогаш поддржете го детето во неговите хобија.

Напомена: За да израсне во гениј треба да му обезбедите урамнотежена исхрана, правилно и редовно спиење, како и физичка активност. Во дневното мени на детето мора да има маслиново масло, спанаќ, ленено семе, риба.

Секое дете е различно и со секое е потребен различен пристап. Децата се уникатни, љубопитни, искрени, постојано активни и сакаат да истражуваат. Вие треба само правилно да ги насочувате и воспитате за еден ден да станат самостојни, одговорни и успешни млади луѓе.

Прочитајте ги и овие совети кои ќе ви помогнат да ги научите децата на убаво однесување.

За авторот
Психолог кој најдобро се изразува преку пишаниот збор. Нејзиниот личен лајтмотив гласи: „Остани своја и поинаква бидејќи само така ќе блеснеш во полн сјај!“

Поврзани содржини

Остави коментар