Како да ги подобрите вашите пишувачки вештини?

Како да ги подобрите вашите пишувачки вештини?

Веќе сте ја совладале основата на пишувањето која ве прави добар пишувач и многу добро знаете дека поседувате способност ефективно да раскажете приказна и притоа да ја убедите својата публика дека навистина знаете за што говорите. Но, сте се запрашале ли дали можете да ги поместите своите граници и да станете уште подобар пишувач?

Неколку совети за како да бидете подобар писател

Некој би рекол дека денес е многу едноставно да се издвоите од „морето“ со пишувачи. Потребен ви е само пристап до интернет и уникатна идеја и веднаш можете да започнете свој блог или да објавите веб-сајт. Но, не е се така едноставно. За среќа постојат неколку веќе испробани начини кои со сигурност можат да ви помогнат да станете подобар пишувач…

Само пишувајте – Пишувањето е практика која доколку повеќе ја применувате, таа ќе станува сè подобра. Тоа е исто како кога започнувате со свирење на нов инструмент како клавир или кларинет, можеби на почетокот ќе звучите ужасно и неподносливо, но со доволно вежбање ќе успеете да најдете начин да звучите одлично. Започнете со серии од неколку поврзани реченици и набрзо ќе забележите дека тие ќе се зголемуваат и ќе преминуваат во параграф, во краток текст, па и во убедлива приказна од неколку страни.

Објавете ги своите дела – Вие можеби често пишувате, но дали некој ги чита вашите текстови? Слободно објавете сè што сте напишале без разлика колку ви се допаѓа, бидејќи понекогаш субјективноста ви пречи во оценувањето на својот труд. Исто така очекувајте истовремено и критики и пофалби и во никој случај не дозволувајте тие коментари целосно да го менуваат вашиот стил. Можеби на почетокот ќе се случи да преовладуваат негативните коментари, но со тек на време ќе ја пронајдете публиката која ќе го цени вашето мислење и која со нетрпение ќе ги очекува вашите текстови.

Читајте на глас – Можеби вашите идеи звучат добро, но дали се тие логични? Секогаш препрочитувајте го на глас она што сте го напишале. Многу брзо ќе стекнете чувство за вашиот глас кое ќе ви помогне при оформување на вашиот авторски стил. Исто така ќе ви помогне и да составите текст со зборови кои ќе звучат нормално и секојдневно.

Научете нови зборови и како да ги употребите – Искусните автори знаат дека тие мора постојано да учат и да се развиваат. Многу е важно да имате навика за учење нови зборови кои ќе можете природно да ги инкорпорирате во вашите текстови. Исто така пробајте да ги пронајдете сите значења на зборовите кои веќе ги знаете за да можете да ги употребите во различни конотации. И не заборавајте секогаш да се изразувате природно.

Употребувајте активни глаголи – Започнувајте реченици со активни глаголи, тоа е докажан начин вашите текстови да звучат помоќно. Пасивните текстови и покрај тоа што имаат свои позитивни страни, тие се многу потешки за читање. Вашата цел е да го задржите вниманието на читателот, а не да го изгубите на пола текст.

Никогаш не дозволувајте да ви пречи вашата човечност – Помирете се со фактот дека сте само човек, несовршена индивидуа, личност која прави грешки. Запознајте кој сте и што сакате да правите и прифатете се себеси какви што сте. Секогаш ќе правите грешки, но многу е важно да научите да ги сфаќате како добра лекција за во иднината.

Туркајте се себеси надвор од „удобната зона“ – Добрите автори се добри во тоа што го знаат, но одличните автори го истражуваат непознатото – го запознаваат и пишуваат за него. Вие знаете дека можете повеќе, само треба да направите еден чекор напред за да тргнете во позитивна насока. Обидете се да експериментирате со вашиот следен текст и ќе забележите дека како што се приближувате до неговиот крај вие веќе сте научиле нешто ново, сте созреале и сте си докажале себеси дека можете да постигнете сè што ќе си замислите.

Победете ги сите последни рокови – Без разлика дали пишувате за себе или за клиент, мора да научите да ги почитувате роковите. Но, не да ја завршите својата работа неколку минути пред последниот рок, туку неколку часови или пак денови претходно. Со ова ќе стекнете дисциплина и рутина која во иднина ќе ви помогне многу со распоредот при пишувањето.

Поставете си пишувачки цели и следете го својот процес – Очекувајте дека вашето пишување ќе стане многу попрефинето со тек на време. Тоа е добар знак дека созревате и дека го зацврстувате вашиот писателски глас. Поставете си цел да пишувате одреден број текстови во текот на неделата и почитувајте го тој распоред. Како што ќе поминува времето, по малку зголемувајте ја и должината на текстовите…

Ослободете го вашиот внатрешен писател – Клучот во станувањето подобар пишувач лежи во повторувањето. Колку повеќе го практикувате, толку подобри ќе станувате. Поставете си цели, следете го својот процес и верувајте им на своите инстинкти. Вие сте пишувач – и веднаш одете да го покажете вашето вистинско лице пред светот!

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

  1. Христина Reply

    Какви се тие активни глаголи ?

    • Моника Трајковска Reply

      Се мисли на глаголи кои ќе опишуваат директно дејство, во сегашно време.

Напиши одговор на Христина Откажи одговор