Едноставни правила за здрава и успешна љубовна врска

Едноставни правила за здрава и успешна љубовна врска

Стабилните љубовни врски можеби од страна изгледаат многу едноставно, но вистината е дека за нивното одржување е потребно многу труд, време и разбирање. И покрај тоа што се потребни двајца за успехот на една врска, понекогаш потребен е само еден од нив за работите да тргнат во вистинската насока. Погледнете ги наредниве неколку правила кои со сигурност ќе ви помогнат при одржувањето на здрава и успешна љубовна врска.

Едноставни правила за здрава и успешна љубовна врска

1. Загрејте ги работите. Кажувајте му на вашиот партнер барем по три позитивни коментари секој ден и зборувајте за оние нешта на кои му се восхитувате (на пример, ми се допаѓаше начинот на кој ги смееше сите во друштвото вчера). Но, бидете внимателни да не претерувате со премногу позитивни коментари и на цена на нив да ги намалувате оние за нештата кои ви пречат. Одржувајте баланс помеѓу нив, така што позитивните коментари за малку ќе бидат над негативните.

2. Намалете со критиките. Голем број од луѓето ги ценат критиките на почетокот на врската, но некои од нив знаат со тек на време да станат „алергични“ на нив. Обидете се малку да се воздржувате на оваа тема така што ќе ги оставите оние малите ситници и ќе се фокусирате само на големите нешта. Исто така кога ќе критикувате, направете го тоа во 3 или помалку реченици. Никогаш не заборавајте дека никој не може да преживее во врска или во брак доколку се чувствува повеќе осудуван отколку посакуван.

3. Надминете го вашиот проблем со слушањето. За време на некој проблем, слушањето со вашето целосно внимание е најголемиот подарок кој можете да му го дадете на вашиот партнер. Ослободете се од одбранбената позиција и слушајте со разбирање, без прекинувања, поправање на фактите или пак, со возвратени удари. Зачувајте ја вашата одбрана за друг разговор.

4. Фокусирајте се на себе. Поврзете се со пријателите и фамилијата, бидете во потрага по вашите интереси и бидете им на располагање на останатите. Доколку вашата примарна енергија не е насочена кон живеење на вашиот живот најдобро што можете, тогаш претерано ќе се фокусирате на вашиот партнер и токму тој фокус може да стане загрижувачки и нездрав за вашата врска.

5. Извинете се. Обидете се да го употребувате и овој израз. Слободно кажете, „Се извинувам за мојот дел од проблемот“ дури и кога потајно сте убедени дека сте само 27% виновни за тоа што се случило.

Едноставни правила за здрава и успешна љубовна врска

6. Не барајте извинување по секоја цена. Не влегувајте во војна само поради неизвинувањето на вашиот партнер. Понекогаш луѓето имаат проблем со вербалното изразување на жалење, па можеби вашиот партнер се обидува на невербален начин да ја намали тензијата, да се доближи до вас по кавгата или пак едноставно да ви покаже дека е на ново место и дека сака да се придвижи кон вас. Прифатете го извинувањето, без разлика во каква форма ви доаѓа.

7. Не игнорирајте ги малите нешта. Доколку ветите дека ќе направите нешто, направете го тоа! Никогаш не претпоставувајте дека вашиот целосен придонес во врската компензира за вашиот неуспех да го исполните она на што сте се согласиле, без разлика дали станува збор за средувањето на чорапите или пак, за преместувањето на кутиите од подрум до недела.

8. Престанете со емоционалниот притисок. Кога сте под притисок, престанете дополнително да притискате. Понекогаш во некои потешки ситуации луѓето имаат тенденција да се оддалечат од партнерот кој ги притиска. Сметајте го ова како фундаментален закон на физиката. Обидете се помалку да се фокусирате на вашиот партнер, а повеќе на вашиот живот. На овој начин вашиот партнер ќе добие простор за дишење, но и ќе сфати дека вие навистина добро знаете да се грижите за себе. Токму поради ова тој/таа самиот/самата ќе ви се доближи.

9. Бидете кратки. Доколку чувствувате дека вашиот партнер се оддалечува, тогаш можеби се обидува да избегне некој разговор за кој смета дека ќе биде ужасен. Понекогаш, оваа ситуација може да настане поради бројот на речениците кои ги употребувате или пак, поради тонот на вашиот глас. Забавете го вашиот говор, намалете ја јачината и интензитетот на вашиот глас и вашиот партнер веднаш ќе почне да ве слуша на друг на начин.

10. Бидете свесни за вашите најважни вредности. Бидете флексибилни со промените кои ги правите за вашиот партнер, но никогаш не дозволувајте вашите основни вредности, верувања и приоритети да бидат жртвувани под притисоците на врската.

Едноставни правила за здрава и успешна љубовна врска

11. Прекинете го разговорот кој се одвива со висок тон. Слободно можете да му кажете на вашиот партнер дека барате „тајм аут“ сè додека не се смирите и двајцата. Дури и кога имате проблеми, разговорот мора да се одвива смирено и со почит.

12. Одржувајте ја мистеријата. Навистина е удобно и пријатно кога две личности знаат апсолутно сè еден за друг, но на сите нас попривлечни ни се оние партнери кои имаат страст за животот и надвор од врската. Па, запишете се на часови за танцување, скијање или пак, почнете да учите нов јазик. Колку повеќе страст ќе покажувате за животот надвор од вашата врска/брак, толку повеќе жар ќе наоѓате и во неа.

13. Направете правила за технологијата. Договорете се за еден вид „тајм аут“ правила. На пример, забрането е одговарање на мобилен или на домашен телефон додека подготвувате храна, како и за време на јадењето. Исто така можете да се договорите да не одговарате на повиците за време на сериозни разговори или кога имате гости.

14. Иницирајте секс, дури и кога не сте баш расположени за тоа. Ако сте од оние луѓе кои секогаш чекаат иницијатива во креветот, можеби би било добро доколку понекогаш ја преземете таа обврска од вашиот партнер. Долгогодишните врски нема да се развиваат доколку вашиот партнер ве смета за тешко достапна личност за секс. Но, ако вие сте иницијаторот во креветот, обидете се понекогаш да се воздржите. Со тоа ќе го мотивирате и охрабрите вашиот партнер одвреме-навреме да ја презема оваа улога.

15. Подобрете ги односите со вашата фамилија. Почнете подетално да се распрашувате за вашата фамилијарна историја и подлабоко набљудувајте го однесувањето на вашите најблиски во нивните врски. На овој начин најдобро ќе можете да забележите што успева, а што не при одржувањето на стабилна и здрава долгогодишна врска.

Едноставни правила за здрава и успешна љубовна врска

Започнете полека. Одберете барем 2 од овие правила и придржувајте се до нив. Како што ќе ги совладувате, така преминувајте и на другите. Ви ветуваме дека и вие и вашиот партнер ќе бидете многу задоволни со резултатите кои брзо ќе почнете да ги забележувате.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

  1. G_i_Z_m_O Reply

    Секоја чест за постот. Мора да признаам дека сте еден од порталите кои највеќе ми се допаѓа. Другите некако се форсираат многу само со експлицитни содржини, а Вие одржувате одличен баланс околу тоа.

    Браво уште еднаш, НАЈИСКРЕНО многу ми се допаѓате…

    Позз

  2. Citatel Reply

    Se sto ste napisale e na mesto. Samo mislam deka treba da se dodade da ne se dozvoluva nadvoresen faktor(roditeli, rodnini, prijateli) da pravi zakacki i da vlijae na vrskata.

Напиши одговор на Citatel Откажи одговор