Ѕвездено семе: 25 нешта кои докажуваат дека сте на овој свет за да им помогнете на другите

„Ѕвездено семе“ е релативно нов поим, но се однесува на нешто навистина старо. Луѓето кои се опишани со овој термин се или многу стари или многу нови души. Како и да е, тие се многу поразлични од другите луѓе и нивната цел на Земјата е да ја искористат таа разлика и да му помогнат на светот и на човештвото.

25 нешта кои докажуваат дека сте овде за да им помогнете на другите

Овие луѓе се познати по нивната интуиција, интересот за духовното и бескрајната желба да им помогнат на другите. Како деца често имале проблеми да се совпаднат и го гледаат светот на нов и различен начин. Ова се 25-те знаци кои покажуваат дека можеби и вие спаѓате во ова група.

1. Не можете да објасните како, но знаете дека не сте од овој свет. Уште од најрана возраст сте чувствувале дека сте поразлични и знаете дека не треба да се совпаднете.

2. Сте имале тежок живот. Овие луѓе најчесто имаат проблеми во адолесценцијата кога сообразноста не само што е надградувана, туку е и неопходна за функционирање.

3. Воодушевени сте од духовноста и верувате дека сè е енергија, дури и нашите тела и битија.

4. Сте искусиле многу брзо созревање. Без разлика дали се чувствувате како млада или стара душа, имате толку многу мудрост и знаење за споделување што и самите не знаете од каде потекнуваат.

5. Природно сте креативни и ја сакате уметноста.

6. Премногу сте чувствителни. Реагирате посилно на вашите емоции за разлика од другите луѓе.

7. Навистина ве мотивира помислата дека сте овде да им помогнете на луѓето на кој било начин.

8. Тажни сте поради мракот што постои во светот. Ако сте во можност, лична мисија би ви било да го спасите секој човек, животно или дел од природата што е во неволја.

9. Сакате да живеете исполнет, автентичен живот. Не ве интересира следењето на туѓите стандарди, традиции и идеи за тоа како би требало да се одвиваат нештата.

10. Знаете дека имате некоја исцелувачка моќ или некои натприродни способности до тој степен што можете да знаете, да гледате или да чувствувате работи кои за другите се невидливи.

11. Поврзани сте со природата, но најмногу ве воодушевува целиот универзум. Сакате да знаете што друго постои таму и тешко ви е да поверувате дека сме сами.

12. Отсекогаш сте се чувствувале како отпадник, како оваа планета да не е ваш дом. Ја гледате како место кое треба да го посетите на одредено време.

13. Фактот што не сте се вклопувале никаде ви предизвикувал проблеми додека сте растеле. Во тој период сте сакале само да се вклопите и да чувствувате мир. Сепак, сега сфаќате дека ова е важен дел од процесот на вашето ментално и емоционално созревање.

14. Чувствувате потреба да го правите она што е правилно, постојано.

15. Имате навистина уникатен стил. Не е ексцентричен, но секогаш имате фризура или облека која навистина ве опишува.

16. Без разлика колку сте со отворен ум, немате многу слободен дух. Потребна ви е структура и сигурност за да функционирате.

17. Сте имале необјасниви духовни искуства во текот на животот. Можеби сте сведочеле на нешта од други димензии кои за повеќето луѓе се целосно непознати.

18. Сте задржале дел од сеќавањата од вашиот минат живот. Можеби дури можете и да визуализирате како изгледал вашиот дом или барем како ви изгледале минатите животи.

19. Сте имале проблеми со пријателите додека сте растеле, но кога сте ги пронашле вистинските, тие ви станале како семејство.

20. Знаете дека судбина ви е да ја пронајдете сродната душа ако не сте го направиле тоа досега.

21. Кога пишувате, цртате, танцувате или правите што било експресивно, се чувствувате како со вас да владее некоја сила која твори преку вас.

22. Вие сте егзистенцијалист. Не можете а да не се прашувате зошто сме овде и кое е значењето на сето ова.

23. Го прифаќате тоа што не сте разбрани. Во еден момент од животот почнувате да сфаќате дека тоа што се различни ви дава сила и не сакате да бидете како другите луѓе.

24. Скептични сте во врска со поголем дел од институциите на Земјата. Овде спаѓаат владите, образованието и религијата.

25. Длабоко во себе знаете дека не сте дел од овој свет и дека сте овде за да помогнете да се создаде нов.

Дознајте и нешто повеќе за индиго децата.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар