Дознајте ја скриената порака зад неговиот новогодишен подарок

Кога избираат подарок, поголемиот дел од жените си даваат време и добро размислуваат што им треба на оние што ги даруваат, каков е нивниот вкус, дали неодамна спомнале нешто што би сакале да го купат и каде можат истото да го најдат. Кај мажите купувањето подарок е поразлично, тие не размислуваат до последниот момент и најчесто нивниот подарок е целосна катастрофа, бидејќи го купуваат во состојба на паника. Но, секој подарок има своја скриена порака, а ние го најдовме значењето на најчестите „брзи“ подароци кои мажите им ги купуваат на своите партнерки.

1-doznajte-ja-skrienata-poraka-zad-negoviot-novogodishen-podarok-www.kafepauza.mk_

1. Многу личен подарок

На пример:
  • Ланче со приврзок со вашите имиња
  • Француски готвач, бидејќи знае дека сакате да отворите ресторан
  • Прво издание на вашата омилена книга од детството

Значење: Те слушав и свесен сум за твоите желби. Оваа врска за мене е многу важна и сакам да бидеш среќна.

2. Премногу скапи и големи, мегаломански подароци

На пример:
  • Домашно милениче за кое никогаш не сте разговарале
  • Авионски карти за некоја популарна дестинација, која всушност не можете да си ја дозволите
  • Кадифено мече кое е поголемо од вашата соба

Значење: Те молам, немој да ме оставиш. Опрости ми што бев безобразен, себичен, тврдоглав… Лудо те сакам и никогаш нема да ме оставиш.

3. Романтичен подарок

На пример:
  • Резервација за романтичен викенд
  • Што било во облик на срце
  • Вечера во добар ресторан

Значење: Те сакам, омажи се за мене. Те сакам и среќен сум што ти си моја сопруга. Никогаш не сум се чувствувал вака. Многу сум романтичен и свесен дека жените сакаат вакви работи.

2-doznajte-ja-skrienata-poraka-zad-negoviot-novogodishen-podarok-www.kafepauza.mk_

4. Подарок од маж кој ќе ви стане вереник

На пример:

  • Скапоцен накит

Значење: Ти подарувам скап подарок за да бидеш свесна дека сум сериозен со тебе. Следниот подарок е прстен.

5. Подарок од маж кој ужива во сексот

На пример:
  • Врвен вибратор за кој знае дека би дале голема сума пари
  • Подарок од продавница за сексуални играчки
  • Секси долна облека

Значење: Го обожавам сексот со тебе. Го сакам твојот авантуризам во креветот. Може ли да ја прескокнеме вечерата и да заминеме право во кревет?

6. Целосно персонализиран подарок

На пример:
  • Што било на кое го пишува вашето име
  • Изгравиран подарок – часовник, бразлетна, прстен…

Значење: Сакам да знаеш дека многу долго размислував за тоа, иако не е скап подарок. Не си како другите луѓе, па морав да ти подарам нешто посебно.

7. Подарок за заедничко користење

На пример:
  • Курс за готвење за двајца
  • Пикник за двајца
  • Карти за концерт

Значење: Свесен сум дека во последно време не минуваме многу време заедно и жал ми е. Би сакал да сме поблиски. Сакам да ти покажам дека ми е грижа за нашата врска.

3-doznajte-ja-skrienata-poraka-zad-negoviot-novogodishen-podarok-www.kafepauza.mk_

8. Подарок кој сте го побарале

На пример:
  • Нешто што директно сте му кажале дека би сакале да го имате
  • Нешто што случајно сте му покажале дека би сакале да го имате

Значење: Доволно долго сме заедно што може да си кажеме што сакаме за подарок. Тешка си за справување и не сакам дополнителни проблеми околу погрешниот подарок. Знам дека тоа е нешто што навистина го сакаш, а не можеш да си го дозволиш.

9. Практичен подарок

На пример:
  • Нешто за домот
  • Паричник
  • Нов сет крпи

Значење: Јас сум маж, што очекуваш? Ти купив сѐ, немам повеќе идеи. Имаме кредит, три деца и знам дека не ти пречи што купувам работи кои ти требаат.

10. Технологија

На пример:
  • Мобилен, ајпед, лаптоп
  • пренослива батерија
  • целосно бескорисни направи

Значење: Свесен сум дека сакаш разни гаџети како мене. Ако не ти се допаѓа, ќе го користам јас.

Продолжете на следната страница за да го погледнете значењето на преостанатите подароци.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар