Диета со грозје: Изгубете 5 килограми во рекордно време

Диета со грозје: Изгубете 5 килограми во рекордно време

Одржувањето на диетите не е многу лесно и не секој може да успее. Токму затоа и оваа диета е совршена. Таа трае само 4 дена, додека ја водите нема да бидете гладни, а можете да изгубите и до 5 килограми. Исто така можете да научите и неколку трикови со чија помош можете да го комбинирате грозјето со други видови храна. Кога ќе одбирате грозје, определете се за она кое содржи повеќе семки бидејќи тоа изобилува со полифенор кој помага при забавување на стареењето. Ова овошје има неверојатна моќ на телото така што го освежува, чисти и му ги овозможува потребните хранливи материи.

Диета со грозје: Изгубете 5 килограми во рекордно време

Прв ден

Појадок: Во голем сад ставете една лажица овесни снегулки кои биле покиснати во вода цела вечер, а потоа додајте половина портокал исечкан на коцки, 250 милилитри јогурт и 100 грама грозје. Измешајте добро.

Ручек: Исечкајте 200 грама тиква на коцки и неколку минути пржете ја во путер. Исечкајте 100 грама грозје (секое зрно на половина) и 100 грама зелена салата. Додајте една лажица ореви исечкани на мали парчиња. Измешајте ги сите состојки освен оревите, кои ќе ги додадете на врвот.

Вечера: Вечерата е резервирана за овошна салата и пилешки прсти. Измешајте 100 грама грозје, 50 грама ананас (исечкан на коцки), додајте сок од грозје и малку вода по потреба. Пилешките прсти подгответе ги со динстување на вода.

Втор ден

Појадок: Измешајте 250 грама јогурт со супена лажица сок од лимон и додајте 150 грама грозје.

Ручек: Сварете 5 лажици интегрален ориз во три пати повеќе вода. Подгответе ја вашата омилена риба во маслиново масло, а потоа исечкајте ја на парчиња. Додајте 2 лажици од неа во оризот, а потоа измешајте и 150 грама грозје.

Вечера: Варете 100 грама компири, 1 морков и 1 помал целер 15 минути. Зачинете по ваш вкус со растителни зачини. Откако ќе завршите со вечерата изедете 250 грама црно грозје.

Трет ден

Појадок: Ставете во блендер 100 грама посно сирење и 150 грама грозје. Изматете.

Ручек: 250 грама риби, 150 грама брокула и 1 главица лук. Направете од овие состојки чорба, а потоа изедете 150 грама грозје како десерт.

Вечера: Измешајте желе од грозје со малку вода и оставете го да отстои. По некое време додајте му 250 милилитри сок од грозје и измешајте. Додека мешате додавајте и јаболка (половина, исечкана на парчиња) и 50 грама зрна грозје (исечени на половина). Оставете го оброкот 1 час во фрижидер пред сервирање.

Четврти ден

Појадок: На едно парче леб намачкајте посно сирење, а потоа изедете 200 грама грозје.

Ручек: Направете палачинки со грозје. Ќе ви бидат потребни 3 лажици брашно, половина чаша вода и едно јајце. Испечете ги палачинките и наполнете ги со мешавина од 1 лажица минерална вода и 200 грама грозје.

Вечера: Направете гулаш од мисирка со печурки. Исечкајте ги мисиркините гради на тенки парчиња и испржете ги. Варете 100 грама брокули 2 до 3 минути, а во меѓувреме исечкајте морков на мали кругови. Исечкајте 2 поголеми печурки на листови. Сите состојки ставете ги во сад за готвење и додајте 120 милилитри супа од овошје. Варете 10 минути и при крајот додајте 60 грама зрна грозје и 2 лажици кисела павлака.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар