7 суптилни знаци дека можеби сте зависни од стрес

Дали се чувствувате како да немате време за забава или за себе, а сепак прифаќате дополнителна работа? Дали вашата листа со обврски е бескрајна, но вие сепак волонтирате да сработите уште нешто? Дали седите на работното место дури и откако ќе си заминат сите? Доколку се препознавте, можеби сте станале зависни од стрес. Следниве знаци ќе ви покажат дали навистина се соочувате со тој проблем.

7 суптилни знаци дека можеби сте зависни од стрес

1. Останувате на работното место прекувремено

Најверојатно вие сте последната личност која ја напушта канцеларијата. Всушност, толку често работите прекувремено што сите колеги го знаат тоа. Покрај тоа, веројатно се чувствувате горди што работите толку многу. Но оваа навика не значи поголема продуктивност или подобар перформанс, особено на подолг период и важи токму спротивното. Многу компании, па дури и држави се обидуваат да го намалат работното време бидејќи на овој начин се зголемува продуктивноста. Покрај тоа, на овој начин ги намалувате трошоците на фирмата и со тоа лошо влијаете на околината.

2. Крајните рокови ве инспирираат

Многу професионалци се колнат во моќта на наближувањето на крајниот рок бидејќи им се зголемувала продуктивноста. Но ова не е вистина и воопшто не е здраво. Постојаниот стрес кој трае подолг период го зголемува ризикот од болести на срцето, рак, депресија, анксиозност и многу други здравствени проблеми.

Стресот е како природен одговор на опасни ситуации и во тој момент се лачат голем број хормони во телото помеѓу кои кортизол, адреналин и допамин. Истражувањата покажале дека долготрајното изложување на овие хормони има лошо влијание и на физичкото и на менталното здравје. Стресот може да предизвика намалено либидо, хронична болка, проблеми со дигестивниот систем, акни, мигрени, ниско ниво на енергија, депресија, ослабен имунитет, како и да го зголеми ризикот од зависност.

3. Постојано пиете кафе

Продолжениот стрес ја намалува продуктивноста, ја отежнува концентрацијата и предизвикува замор. Денес многу луѓе се обидуваат да се справат со овие симптоми со помош на кафе, црн чај, енергетски и засладени пијалаци и пушење. Продолжениот стрес го зголемува ризикот од зависност и луѓето бараат начин да се справат со него.

4. Се чувствувате живо под притисок

Не мора стресот да ви ја предизвика зависноста, туку можете да станете и зависни од него. Хормоните што ги лачи телото во стресни ситуации можат да предизвикаат природен „хај“ што ќе сакате да го почувствувате повторно. Стресот понекогаш може да направи да се чувствувате „навистина живо“. Мускулите се стегаат, крвниот притисок и телесната температура се зголемуваат, а централниот нервен систем се вклучува и го подготвува телото да се справи со „заканата“. Сосема нормално е понекогаш да го чувствувате ова, но долготрајното изложување е лошо. Не само што го зголемувате ризикот од разни болести, туку се зголемува и вашата толеранција на стрес хормоните, па ќе почнете да барате уште постресни ситуации за да се почувствувате повторно живо.

5. Горди сте на вашиот стрес

Нашата комплицирана врска со стресот, како и зависноста од него, се несакани последици од живеењето во постојано поврзано капиталистичко општество, кое понекогаш го занемарува човечкиот елемент. Ова создава листа со приоритети и ги слави нездравите навики, како на пример натпреварување кој е поизморен и изложен на повеќе стрес. Кога некој посвесно му пристапува на стресот може да се гледа и како личност со недостаток од амбиција или посветеност.

6. Постојано сте зафатени

Ако постојано испуштате социјални настани, па дури и кратите од вашиот сон, време е да преземете нешто. Стресот прави да се чувствувате како да немате време за ништо, па се оддалечувате од пријателите, семејството, хобијата и грижата за себе. Дури и кога правите нешто што ве релаксира, вашиот мозок не може целосно да се „исклучи“.

7. Мора постојано да бидете продуктивни

Доколку се грижите за крајните рокови за време на викенд и анксиозни сте бидејќи немате пристап до имејлот, можно е да почувствувате вина кога се релаксирате или кога се грижите за себе. Можеби на одмор ви се потребни денови за да се ослободите од стресот. Невозможно ви е да заборавите на работата, без разлика што сте седнати под чадор на плажа.

Погледнете ги и знаците кои покажуваат дека сте под преголем стрес.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар