7 секси и тренди костими за капење за оваа сезона

Летото полека се приближува и време е да ги разгледате костимите за капење кои се најмодерни за оваа летна сезона. Огромен акцент се става на едноделните костими за капење, ретро стилот и интересните шари. Во продолжение прочитајте ги сите предлози, кои се надеваме дека ќе ви помогнат да го направите вистинскиот избор.

Ретро костим за капење со висок струк

7 секси и тренди костими за капење за оваа сезона

Сите знаеме колкава е популарноста на фармерките со висок струк. Но, што се случува со костимите за капење? Сигурно ќе се израдувате кога ќе ви кажеме дека ќе бидат тренди оваа сезона. Доколку сакате да го надополните ретро изгледот, извиткајте ја косата во дебели локни и набавете си палто со цветни мотиви. Или пак, може да се одлучите за помодерен изглед, со само малку ретро шмек, како на сликата.

Проѕирен костим за капење

7 секси и тренди костими за капење за оваа сезона

Сакате да фатите добра боја, без да покажете многу кожа? Тогаш ова е вистинскиот костим за вас. Проѕирното е неверојатно секси и е повеќе својствено за едноделните костими за капење. Најдобра опција би бил модел како оној на сликата.

Штосен едноделен костим за капење

7 секси и тренди костими за капење за оваа сезона

Внимание на детали, одличен крој, шарм и впечатливост се она што го одликува овој едноделен костим за капење. Станува збор за вистинско уметничко дело, кое помалку досадниот едноделен костим, го носи на едно сосема поинакво ниво. Грациозно, а сепак толку модерно. Има голем избор на овие модели, така што веруваме дека нема да имате проблем да го изберете најсоодветниот за вас.

Костим за капење со горен дел корсет

7 секси и тренди костими за капење за оваа сезона

Да признаеме, понекогаш е многу тешко да се одбере вистинскиот горен дел. Но, и за тоа има решение. Тука е костимот за капење со горен дел корсет. Ваквиот горен дел не само што е удобен, туку е и многу женствен и провокативен. Одлична комбинација, зарем не?

Комбинирање на делови од различни костими за капење

7 секси и тренди костими за капење за оваа сезона

Никако не можете да најдете горен и долен дел од истиот костим за капење, што најмногу ви одговараат? Нема потреба за паника. Комбинирањето на различни стилови е всушност многу модерно и оваа сезона. Може да комбинирате различни шари и модели и да изгледате интересно и примамливо.

Костим за капење во светла боја

7 секси и тренди костими за капење за оваа сезона

Доколку сепак сте за нешто поедноставно, тогаш запомнете го следново: Одберете костим за капење во светла боја. Некои од фаворитите за ова лето се: светло портокалова, пастелно розова и бебешко сина боја.

Костим за капење со уникатни шари

6-7-seksi-i-trendi-kostimi-za-kapenje-za-ovaa-sezona-kafepauza.mk_.jpg

Доколку пак сакате нешто посмело за ова лето, тогаш ви го препорачуваме костимот за капење со впечатливи и уникатни шари. Сукњите со ваквите мотиви беа огромен тренд, а сега тоа се случува и со костимите за капење. Одличен избор.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран преведувач и толкувач. Непоправлив перфекционист. Љубопитна, интуитивна и насмеана. Ја сака уметноста и културниот живот. Идеалист. Верува во астрологија, убаво утринско кафе и позитивно размислување.

Поврзани содржини

Остави коментар