7 начини да се извлече максимум од останувањето дома

Поважно од кога било во овој момент е да пронајдете начин да го откриете значењето на релациите со другите луѓе. Оние кои се дома, може да се чувствуваат отуѓено, досадно, па дури и напнато. Ние сме социјални суштества по природа и сакаме да се поврземе со другите и да почувствуваме дека правиме нешто важно. Но, како да го сториме тоа за време на пандемија? Ние најдовме некои интересни идеи, па ајде да видиме дали можеме да го искористиме максимумот од оваа неповолна ситуација и да најдеме начин да бидеме креативни и да си овозможиме личен раст.

7 начини да се извлече максимум од останувањето дома

1. Започнете некаков проект

Без разлика дали сте сами или со другите членови од семејството, започнувањето на проект може да биде одличен начин ефикасно да го искористите вашето време! Проектот може да биде уметнички, па да се зафатите со пишување на вашите мемоари. Доколку ова е ваша област, обидете се и со:

  • Боење
  • Сликање
  • Плетење/Везење
  • Изработка на филиграни
  • Работа на фото-албум преку Интернет
  • Пишување роман
  • Редење/Чистење
  • Готвење
  • Читање книгата која не сте ја дочитале
  • Снимање домашни видеа и пеење
  • Обидете се со DIY проект
  • Испланирајте нешто за во иднина – можеби одмор, дневно патување, па дури и забавна вечера
  • Направете книга „Тоа сум јас“ со вашето дете

Започнувањето и работата на проект може да биде одличен начин за да го пополните вашето време и да се чувствувате исполнето. Проверете дали можете да ги насочите вашите мисли кон нешто возбудливо. Ако имате деца, вклучете ги и нив и видете колку креативни можете да бидете!

2. Поврзете се со другите

Тоа што не можете непосредно да комуницирате со другите луѓе во моментов, не значи дека не можете да се поврзете на друг начин со нив. Најпрво, напишете 10 луѓе со кои би сакале да се поврзете. Тоа може да бидат старите пријатели, семејство, или едноставно луѓето кои се важни за вас. Јавете им се! Напишете им порака! Направете видео повик! Вие изберете, само исконтактирајте ги.

Доколку сакате, можете на пријателите да им напишете писмо или електорнска пошта и да споделите со нив како се чувствувате. Тоа е одличен начин да ја „нахраните“ својата душа и да внесете малку радост за себе и за другите.

3. Научете нешто ново

Кога сте постојано дома тоа може да ви биде голема шанста да научите нешто ново! Дали имате било какво прашање кое сакате да го одговорите? Сакате да дознаете повеќе од областа на науката, историјата или како се изработуваат некои работи? Ова е вашата шанса да научите! Интернетот може да ве изненади и таму можете да најдете дури и бесплатни часови.

Можеби сакате да нучите повеќе за луѓето во вашето семејство. Ова е одлично време да поставите прашања и да дознаете повеќе за нив. Постојат многу ресурси на Интернет кои ќе ви помагнат да го подобрите начинот на комуникација.

7 начини да се извлече максимум од останувањето дома

4. Работете на себе

Навистина е важно да не заборавите на себе и своите потреби во вакво време. Многу е важно да имате доволно време за грижа за себе. Овие идеи ќе варираат од личност до личност, но споделуваме неколку начини како да го унапредите вашиот секојдневен живот. На пример, вие би можеле:

  • Да вдишете длабоко
  • Да мислете на нешто забавно
  • Да вежбајте јога
  • Да имате долги бањи
  • Да направете нешто добро за себе
  • Да користете апликација за забава
  • Да гледате фотографии од животни
  • Да гледате смешни видеа
  • Да се напиете кафе/чај
  • Да си најдете милениче
  • Да ги искажете чувствата кон некого
  • Да ги запишувате вашите мисли
  • Да свирите некој инструмент
  • Да изброите до 100
  • Да читате инспиративни цитати
  • Да се насмевнете во огледалото
  • Да напишете песна
  • Да слушате музика

5. Направете распоред

Само затоа што сте постојано дома, не значи дека треба да престанете да живеете според веќе утврдениот распоред. Ова е особено важно доколку имате деца. Напредок се постигнува кога се знае што да се очекува. Затоа, подгответе си распоред за да имате чувство на конзистентност и нормалност.

6. Ограничете ги социјалните медиуми

Освен за гледање на слатки кутриња или беби-животни, обидете се да ја ограничите употребата на социјалните медиуми. „Бомбардирањето“ со вести може да биде огромно и да предизвика вознемиреност. Ограничен внес на информации може значително да му помогне на вашето расположение.

7. Најдете начин како да се смирите

Ако се чувствувате презаситени поради постојана вознемиреност, грижа и страв, ве молиме разберете дека вашите чувства се оправдани и нормални. Има многу непознати нешта што се случуваат во моментов, па природен одговор на вашето тело е да пронајде начин како да преживее. Сепак, ова нема многу да ви помогне. Ако се почувствувате анксиозно, обидете се да се смирите правејќи го следново:

  1. 1.Забележете какви чувства имате и забалежете ги различните одговори од вашето тело. На пример, забележувам дека сум нервозна и ме стегаат градите;
  2. Забележете 5 работи кои ги гледате и именувајте ги гласно;
  3. Изберете предмет и забележете какво чувство тој ви буди додека е во вашата рака. Дали е груб или мазен? Тежок или лесен? Каква боја е?;
  4. Забележете три работи кои можете да ги слушнете во моментот;
  5. Помирисајте нешто што е во ваша близина ( свеќа, коса, лосион…);
  6. Бидете присутни овде и сега.

Доколку сте сè уште вознемирени, слободно направете го ова повторно. Побарајте некој да ве води низ процесот доколку ви е потребна дополнителна поддршка. Чувството на смиреност предизвикува и чувство на удобност и можност за донесување поефикасни одлуки.

Запомнете: Сите сме заедно во ова. Колку и да сме вознемирени, секогаш имаме избор како да одговориме на вознемиреноста. Не заборавајте да бидете љубезни кон себе и кон другите. Ова е тешко време.

Можеби сакате да ги прочитате и како да се ослободите од депресијата и анксиозноста со помош на методот 54321?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар