Како да се ослободите од депресијата и анксиозноста со помош на методот 54321?

Како да се ослободите од депресијата и анксиозноста со помош на методот 54321?

Постојано имате негативни мисли, се чувствувате депресивно и ви се чини дека анксиозноста почнува да ве напаѓа? Психолозите го смислиле овој трик односно метод којшто на брз начин помага да ги надминете овие потешкотии. Овој метод помага да се пренасочи фокусот на моменталните случувања и одвраќа од негативните мисли што предизвикуваат чувство на тешкотии.

Методот 5-4-3-2-1 е едноставен, но многу ефикасен за повторно воспоставување контрола над умот кога ви се заканува тешкотија, а се состои од броење наназад почнувајќи од бројот 5. Методот им помага на луѓето што патат од тешкотии да се вратат во реалноста потпирајќи се на 5 сетила – вид, слух, допир, мирис и вкус.

Првиот чекор вклучува личноста да погледне околу себе и да идентификува 5 работи што во тој момент може да ги види. После тоа треба да идентификува 4 работи коишто можат да се слушнат, 3 работи што може да ги почувствува (тоа може да биде и стапала до прстените на прстот), 2 работи коишто може да ги помириса и 1 работа што може да ја вкуси.

Овие чекори можат да се направат брзо, а ефикасноста на методата е потврдена.

Насочувањето на вниманието на сетилата нè враќа во сегашноста, а броењето на предметите не дозволува мислите да ни залутаат. Методот што се потпира на сетилата освен при анксиозноста помага и во лекувањето депресија, го ублажува стресот и го снижува крвниот притисок.

Следниот пат кога ќе почувствувате анксиозност обрнете внимание на она што можете да го видите, почувствувате и допрете, и така ќе ги занемарите негативните мисли што се појавуваат во вашата глава.

Дознајте како да ја намалите вашата анксиозност за само 30 дена.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Психолог кој најдобро се изразува преку пишаниот збор. Нејзиниот личен лајтмотив гласи: „Остани своја и поинаква бидејќи само така ќе блеснеш во полн сјај!“

Поврзани содржини

Остави коментар