Изненадувачки работи кои не сте ги знаеле за астрологијата

Изненадувачки работи кои не сте ги знаеле за астрологијата

Без разлика дали навистина верувате што ѕвездите имаат да ви кажат за вашиот живот, или едноставно сакате да се забавувате читајќи го својот неделен хороскоп, во астрологијата постојат многу повеќе работи отколку што луѓето мислат. Во продолжение дознајте за тоа што може да се крие зад вашиот хороскоп:

Изненадувачки работи кои не сте ги знаеле за астрологијата

Потребно е точното време од вашето раѓање за да се направи точен графикон

Без разлика дали графиконот (наталната карта) ја правите онлајн или барате консултација од астролог, морате да го проверете вашето точно време на раѓање. Дури тогаш ќе бидете во можност правилно да го направите својот графикон.

Имате повеќе од еден знак

Она што сигурно го претпоставувате е дека вашиот единствен знак е основан само со вашиот датум на раѓање – вашиот сончев знак. Но, постојат уште неколку знаци, вклучувајќи ги оние за секоја планета и 12-те различни „куќи“, а сето тоа ќе го откриете кога ќе ја направите наталната карта.

3-те најголеми знаци кои се користат за толкување на вашата личност се сончевиот знак, подзнакот (познат и како втор знак и „прва куќа“) и месечевиот знак.

Вашиот подзнак ја идентификува вашата личност

Со други зборови, овој знак е тоа што го одредува првиот впечаток кој го оставате на другите, или „маската“ која обично ја користите во јавност.

Вашиот сончев знак ги инспирира вашите цели

Со оглед на поврзаноста со вашето срце, сончевиот знак го опишува она што го движи вашето его и дух. Во суштина, тој претставува мотивација да ги достигнете своите аспирации.

Вашиот месечев знак ги претставува вашите емоции

Месечевиот знак е показател како нашите расположенија варираат и на кој начин се активираат нашите инстинкти.

Повеќето луѓе имаат аспекти од сите 12 знаци

Доколку отсекогаш сте биле скептик кон астрологијата, а причината е тоа што не се пронаоѓате со главните особини на вашиот сончев знак како што е опишано во хороскопот, тоа би можело да биде затоа што сте поврзани за Сатурн, Плутон или некој друг планетарен знак (или една од останатите 11 „куќи“) повеќе отколку што сте поврзани со вашиот сончев знак.

Меркур всушност не оди ретроградно

Според планетарниот астролог и професорот на УКЛА, Џин-Лук Маргот, кој разговарал за појавите на планетите, овој израз е погрешно даден за она што всушност навистина се случува.

За да сфатите што навистина се случува, замислете дека се наоѓате на брза лента на автопат и гледате низ прозорецот – ќе забележите дека автомобилите се движат побавно на другите ленти. Од оваа перспектива изгледаат како да се движат наназад кога всушност се движат само со различна брзина. Ист случај е и со тоа што Меркур забавува на својот пат, па изгледа дека оди наназад.

Знакот Стрелец е најчестиот знак во светот на познатите

Според истражувањата, луѓето кои што се родени помеѓу 22 ноември и 21 декември, сочинуваат најголем број познати личности ширум светот.

Од друга страна, знакот Бик е најмалку застапен помеѓу познатите личности.

Компатибилноста на знаците не е толку сигурна како што мислиме

Да се праша некој што е во хороскоп, не е само изговор да почнете комуникација, туку и тотално неважна работа.

Без разлика дали верувате или не во карактерните особини кои се доделени на секој знак во зодијакот, на Интернет можете да пронајдете неколку различни студии кои ги проучувале стапките за успех на милион парови и таканаречената компатибилност на нивните знаци. Научниците откриле докази дека астролошките знаци не влијаат на веројатноста две личности да стапат во брак, и да останат во брак со некого.

Прочитајте ги и најголемите заблуди во астрологијата: Карактеристики на знаците кои се често погрешно толкувани!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент по Македонски јазик и книжевност. Кога не пишува - чита, и обратно. Сигмунд Фројд, нејзините миленичиња, цртани, Фреди Меркјури, стари предмети и Мото ГП.

Поврзани содржини

Остави коментар