3 хороскопски знаци коишто ги очекува најголема среќа за време на владеењето на Девицата

Животот секогаш ни носи подеми и падови, добри и лоши бранови во морето од очекувања и желби. Сезоната на Девиците е период на зголемување на работната етика, напорна работа и практични активности. Владеењето на Девиците започна пред неколку дена. Девицата е земјен елемент и во нејзината природа е да биде приземјена, рационална и борбена. Добрата страна на нејзиното владеење е тоа што ќе имаме повеќе енергија за важните животни одлуки. Еве кои знаци ги очекува најголема среќа во текот на овој период според астрологијата!

Бик – Убавината е во ситниците

Драги Бикови, во вашиот живот ќе се случи најубавото можно сценарио. Сонцето поминува низ вашата 5-та куќа која означува креативност и романтика. Зрачите со неверојатна харизма и самодоверба и ова е одличен период за љубов, создавање и будење на внатрешното дете.

Девица – Среќно обновување на енергијата

Моментално минувате низ космичка преобразба и обновување на енергијата. Сонцето конечно излегло од вашата 12-та куќа и повеќе не сте поспани, вознемирени и негативни. Венера, планетата на љубовта и убавината, плови по вашиот знак и ве поттикнува да ги негувате своите емоции, убавина и душа. Моќните планети Сатурн и Плутон се наоѓаат во вашата 5-та куќа на креативноста и автентичноста. Тоа значи дека постои шанса да создадете нешто прекрасно и посебно.

Јарец – Практични и подготвени да ја остварат секоја цел

Вие сте вложиле сè за да се изборите за своето место под среќните ѕвезди и конечно сте успеале. Ќе бидете наградени за целата работа и труд кои сте ги вложиле во претходниот период. Сонцето е во вашата 9-та куќа, односно во куќата на едукација, познанието и можностите. Ќе видите светло на крајот од тунелот и ве очекува неверојатно убав период. Магијата може да започне!

Дознајте на кои хороскопски знаци септември ќе им биде многу успешен.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Психолог кој најдобро се изразува преку пишаниот збор. Нејзиниот личен лајтмотив гласи: „Остани своја и поинаква бидејќи само така ќе блеснеш во полн сјај!“

Поврзани содржини

Остави коментар