Најголемите заблуди во астрологијата: Карактеристики на знаците кои се често погрешно толкувани!

Најголемите заблуди во астрологијата: Карактеристики на знаците кои се често погрешно толкувани!

Многу карактеристики кои во астролошкото толкување се означени како мани на хороскопските знаци, всушност не се негативни карактеристики. Едноставно тие се погрешно сфатени! Во продолжение дознајте кои карактеристики на вашиот хороскопски знак се погрешно толкувани.

Најголемите заблуди во астрологијата – Карактеристики кај знаците кои се погрешно толкувани!

Овен

Многумина се сомневаат во решителноста и упорноста на Овните. Овој знак под влијание на околностите може да се откаже од борбата, но тоа не значи дека се предава. Овните никогаш не се откажуваат, туку едноставно разбираат кога патот кој го одбрале не води кон остварувањето на целта. Па се спремни да го променат својот став. Тоа не е мрзливост и страв, туку мудрост!

Бик

Биковите честопати се прекрасни пријатели на коишто можете секогаш да се потпрете, но доколку забележите нешто одбивно или нелогично во вашиот однос, настанува вистински пекол. Колку и да им објаснувате, да ги молите за прошка, ќе наидете на нивната тврдоглавост. Меѓутоа, кај Биковите ова не трае долго. Тие на овој начин се обидуваат да го заштитат своето нежно срце, не дозволувајќи некој да ја искористува нивната добрина.

Близнаци

Ова е најинтересниот знак во хороскопот. Како што секоја пара има две страни, така и Близнаците успешно жонглираат со своите поделени личности. Астролозите истакнале дека тие се нестабилни и непредвидливи, но тоа не е причина да ја потцените нивната фантастична способност за прилагодување. Без разлика на ситуацијата, место и време, Близнаците секогаш ќе успеат да се снајдат. Тоа е нивната голема предност!

Рак

Многумина сметаат дека Раковите имаат ладно срце и дека понекогаш се целосно ладнокрвни, но тие едноставно не сакаат секому да ги откријат своите чувства. Кога подобро ќе ги запознаете, ќе сфатите дека Раковите се многу грижливи и спремни личности да направат сè за да ги усреќат луѓето кои ги сакаат.

Лав

Поради нивниот огнен темперамент, многумина сметаат дека Лавовите се брзоплети. Меѓутоа, кога станува збор за борба за победа и моќ, Лавовите и тоа како знаат да ја искористат моќта на логиката. Тие ја анализираат ситуацијата, го осмислуваат секој потег и лесно прават план кој ќе ги одведе до целта.

Девица

Иако премногу анализираат, добро е да имате Девица во вашиот живот. Тие ја проучуваат секоја ситуација и личност од гледна точка на психологијата. Грижливи се и добро запознаени со луѓето и животот воопшто. Затоа многу пријатели бараат совет од нив во разни животни ситуации.

Вага

Во животот на Вагите сè се врти околу љубовта. Тоа за нив е најважното и најсилното чувство, па затоа се толку многу ранливи. Понекогаш, иако знаат дека ќе бидат повредни, сепак тие ѝ даваат шанса на љубовта. Невозможно е да ја измерите количината љубов која можат да ја дадат личностите родени во знакот Вага.

Скорпија

Скорпиите се способни да прекинат љубовен и пријателски однос со таква брзина, што другата страна не стигнува да сфати што всушност се случило. Тоа е и добро и лошо, но едно е сигурно – постојат 2 работи кои Скорпиите не толерираат и не простуваат, а тоа се неверство и предавство. Скорпиите поради овие 2 работи ќе го отфрлат секој од нивниот живот без да кажат збогум!

Стрелец

Животот на Стрелците е полн со авантури. Тие се вистинско олицетворение на слободниот дух кој постојано е во потрга по акција и адреналин. Сепак, малкумина знаат колку тие се чувствуваат осамени кога се опкружени со толпа луѓе.

Јарец

Припадниците на овој знак, честопати се обвинети дека се ладни, сурови и воздржани. И делумно се во право. Но, не е сè така едноставно. Јарците се умерени личности кои не се жалат на цел глас кога ќе се појави проблем, туку размислуваат во тишина. Економични се, но не се скржавци. Многумина од нив бараат совет, помош, заем, а тие никогаш не одбиваат иако не се личности кои непрестајно се смешкаат и ветуваат.

Водолија

Водолиите многу тешко се одлучуваат за нешто доколку во целост не веруваат во таа идеја. Луѓето ги сметаат за самосвесни бидејќи отфрлаат работи, но кога би можеле да ги разберат дека тие не го прават тоа од злоба, туку поради својата животна филозофија, многумина би го промениле своето мислење за нив.

Риби

Тие се многу чувствителни суштества. Толку многу, што луѓето ги доживуваат како слабаци. Но, Рибите всушност се самодисциплинирани личности и во душата се многу посилни отколку што може некој да замисли.

Прочитајте ги и овие 12 нешта што секој треба да ги знае за астрологијата.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент по Македонски јазик и книжевност. Кога не пишува - чита, и обратно. Сигмунд Фројд, нејзините миленичиња, цртани, Фреди Меркјури, стари предмети и Мото ГП.

Поврзани содржини

Остави коментар