Петок е совршен ден за коктел, а ние го имаме најдобриот рецепт

Петок е совршен ден за коктел, а ние го имаме најдобриот рецепт

Предлагаме коктел наречен Палома – класик кој вклучува текила и сок од грејпфрут. Верзијата што ви ја претставуваме подолу, а која е посебна по тоа што е полузамрзната, ја преработи познатата готвачка Ина Гартнер, најавувајќи ја како нејзин предлог. Треба ли воопшто да се спомене дека таа ги воодушеви своите следбеници со предлогот?

 

Ver esta publicación en Instagram

 

Una publicación compartida de Ina Garten (@inagarten)

Потребни состојки за 4 чаши:

  • 3 до 4 црвени грејпфрути
  • 250 милилитри текила
  • 3 до 4 лимети
  • 60 милилитри шеќерен сируп
  • коцки мраз
  • малку сол
  • 4 тенки парчиња грејпфрут за украс

Начин на подготовка:

  1. Исцедете го овошјето, измешајте го со текилата и сирупот. Истурете ја смесата во плиток сад или калапи за мраз и замрзнете неколку часа додека не се стегне.
  2. Скршете половина од замрзнатата смеса и префрлете ја во блендер. Додајте коцки мраз и лажичка сол и промешајте додека не се изедначи. Поделете ја замрзнатата смеса во две високи чаши, а потоа повторете го истото со преостанатата мешавина.
  3. Украсете ја секоја чаша со парче грејпфрут и послужете ја веднаш.

Moжеби ќе сакате да го пробате и овој рецепт за неодоливо кремаст зимски коктел.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар