5 знаци дека сте роден комичар

5 знаци дека сте роден комичар

Комичарите имаат навистина неверојатна харизма. Тие успеваат да ги насмеат сите и доволно е да сте само во нивно присуство за да се чувствувате добро. Но, комедијата е навистина сериозна работа. За да бидете добри, потребно е да бидете спонтани, саркастични и шармантни. Сè во исто време.

5 знаци дека сте роден комичар

Покрај тоа, не постои формула со која можете да станете успешен комичар. Додека повеќето вежбаат за своите настапи, мал е бројот на луѓето кои се природно добри во тоа. Тие имаат дарба да ги набљудуваат нештата и ситуациите и ѝ ги презентираат на публиката. Ако имате некоја од овие особини, можеби и вие сте роден комичар.

1. Игри со зборови

Ако можете да ги менувате и користите зборовите и речениците во совршен контекст, а притоа да ја насмеете публиката, вие сте навистина добар комичар. Луѓето го сакаат вашиот сарказам и вашите игри со зборови.

2. Изрази на лицето

Не е важно само што ќе кажете. Уште поважно е како ќе го кажете тоа. Дури и најглупавата шега може да биде неверојатно смешна ако ги доловите изразите на лицето и говорот на телото. Танцувањето, глумењето и пеењето ќе ви помогнат да го задржите вниманието на другите на комичен начин.

3. Раскажување приказни

Имате ли забележано дека постојат 2 вида комичари? Едните едноставно кажуваат шеги, а другите раскажуваат приказни и разни ситуации и ги претставуваат на навистина смешен начин. Вторите се секогаш поинтересни за слушање бидејќи знаат како да ја освојат публиката. Ако знаете да раскажувате приказни на забавен и смешен начин, можеби комедијата е совршена професија за вас.

4. Забележување детали од животот

Малите работи во животот се навистина важни, а истото важи и за комичарите. Смешните и чудни моменти се појавуваат во вашиот живот кога најмалку очекувате. Добрите комичари знаат да ги искористат овие ситуации. Често ги вметнуваат во нивните шеги и приказни.

5. Шегување на своја сметка

Ова не значи дека треба постојано да се понижувате за да ги насмеете другите. Но, во оваа „смешна“ професија, понекогаш е потребно вие да бидете шегата. На овој начин навистина ќе го покажете вашиот карактер и вашата умешност да се справите со ситуација во која вие сте метата.

Дали знаевте дека мрачната смисла за хумор е знак за висока интелигенција?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар