5 совети за среќен сексуален живот

5 совети за среќен сексуален живот

Секој човек има многу прашања за сексуалните односи и здравјето, но истовремено се плаши да ги постави. Веројатно и вие не знаете каде да поставите некои прашања од страв дека ќе бидете погрешно сфатени. Сепак, сексуалното здравје е важно и влијае врз целокупното здравје и квалитетот на вашиот живот. Во продолжение погледнете неколку совети што ќе го подобрат вашиот сексуален живот.

5 совети за среќен сексуален живот

1. Хранете се здраво

За активен сексуален живот мора да внимавате и на исхраната. Здравата храна му овозможува на телото да биде во најдобра форма, вклучувајќи и за време на секс. Храната со што помалку шеќер и лоши маси помага во борбата со одредени болести, како висок крвен притисок и холестерол. Овие нарушувања можат да бидат поврзани со еректилна дисфункција, која се појавува кај многу мажи постари од 40 години.

2. Движете се и вежбајте

Редовното движење и вежбање се најдобрите начини за зајакнување на имунитетот, одржување на здравјето и регулирање на телесната тежина. Прекумерната тежина може да претставува проблем во сексуалниот живот. Одржувањето на оптималната тежина може да спречи болести поврзани со еректилната дисфункција и други сексуални проблеми. Покрај тоа, кога ќе се чувствувате добро во вашето тело, многу повеќе ќе уживате во сексуалните односи.

3. Избегнувајте алкохол и пушење

Многумина мислат дека пиењето алкохол го олеснува сексуалниот однос, но реалноста е сосема поразлична. Консумирањето премногу алкохол може да има негативно влијание врз сексуалната способност и кај двата пола. Кај мажите алкохолот предизвикува проблеми со добивањето и одржувањето на ерекцијата, додека кај жените ја намалува возбудата и можноста за оргазам.

Пушењето исто така ја намалува виталноста бидејќи ги стеснува крвните садови. Кај мажите ова предизвикува проблеми со ерекцијата, а кај жените води до разни проблеми со половите органи.

4. Секој однос треба да биде удобен

За уживањето во сексуалниот однос, најважно е да се чувствувате удобно. Вашето ментално здравје е исто важно колку и сексуалното. Немојте да правите нешто што не сакате и што не ви е удобно само за да го задоволите партнерот. Важно е да разговарате со партнерот за вашите желби, но и ограничувања. Потребно е да се чувствувате почитувано и слободно да кажувате што сакате, а што не.

5. Заштитете се

Безбедноста за време на секс е најважна. Доколку не сакате да останете бремени, морате да користите некаква контрацепција. Користењето кондоми нуди две заштити – го намалува ризикот од бременост, но и од несакани сексуално преносливи болести. Исто така, не плашете се да поставувате прашања за сексуалното здравје. Колку повеќе знаете, толку повеќе ќе се заштитите. Истовремено, осигурете се дека информациите што ги добивате се точни.

Воглавно, најважно е да се информирате, да користите заштита и отворено да разговарате со партнерот. За какви било прашања, секогаш можете да разговарате со вашиот лекар кој никогаш нема да ви суди.

Прочитајте ги и овие совети од секс терапевт што ќе ве направат неверојатни љубовници.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар