5 погрешни митови поврзани со попладневната дремка

5 погрешни митови поврзани со попладневната дремка

Полека, но сигурно, сѐ повеќе и повеќе успешни луѓе се согласуваат со идејата дека попладневната дремка му помага на телото. Сепак постојат многу луѓе кои се сомневаат во нејзината моќ и сѐ уште не ги искористиле благодатите на дневната дремка.

Со цел да ја споделиме моќта на попладневниот сон, во продолжение следуваат 5 вообичаени митови за дремката и вистината која се крие зад нив.

Мит 1: Само мрзливите луѓе дремат преку ден

Факт: Околу третина од возрасните луѓе дремат преку ден и за тоа имаат одлична причина. Краткиот сон ќе го разбуди целото ваше тело, започнувајќи од вашата меморија, па сè до креативноста и продуктивноста во останатиот дел од денот.

Мит 2: После дремката ќе се чувствувате полошо

Факт: Чувството на зашеметеност откако ќе се разбудите од дремење е реално, но не секогаш се појавува. Како ќе се чувствувате после спиењето зависи од должината на дремката. Експертите генерално се согласуваат дека попладневната дремка не треба да трае подолго од 30 минути, бидејќи ако спиете подолго ќе паднете во длабок сон. Секој што се чувствува лошо после дремка, значи дека спиел предолго. Токму затоа и следниот пат кога планирате да дремете наместете го алармот да ви ѕвони после 20 или 30 минути.

Мит 3: Дефинитивно не треба да спиете на работа

Факт: Не сакаме да имате проблеми со надредените, но во добрата работна околина треба да има услови за кратки починки. Многу прогресивни компании креирале специјално дизајнирани соби во рамките на компанијата за пладневни дремки на вработените, бидејќи сѐ повеќе работодавачи разбираат дека добро одморените вработени се и попродуктивни. Ако вашата компанија не ви овозможува такви услови, тогаш дремнете за време на паузата за ручек.

Мит 4: Наместо дремка, напијте се шолја кафе за дополнителна свежина

Факт: Верувале или не, постои кофеинска дремка. Најдобро е да се напиете шолја кафе или чај и потоа да дремнете. Додека спиете кофеинот ќе почне да ви дејствува и максималното дејство ќе резултира 30 минути после пиењето, што значи точно навреме кога ќе се разбудите. Во тој момент ќе бидете уште посвежи и пополни со енергија.

Мит 5: Попродуктивно е да се заврши задачата, отколку да се губи време на спиење

Факт: Да, ќе бидете далеку од бирото ако решите да дремнете 10 до 30 минути. Но, многу е веројатно дека после дремката ќе надоместите за изгубеното време. Дремката ќе ве освежи и ќе бидете поспремни и покреативни при извршувањето на вашите работни задачи.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Инженер под влијание на силни филмски маси. Далеку од реалноста, блиску до паметот. Иако крајот на филмот Живот го знаеме сите, сепак убаво е да уживаме додека трае.

Поврзани содржини

Остави коментар