5 грешки на летните венчавки што ќе ги разлутат вашите гости

Летните венчавки се прекрасни. Но, постојат некои грешки кои ги прават младенците, заради кои на нивните гости им се ежи косата. Затоа, денес ви откриваме неколку од најчестите грешки кои треба да се обидете да ги избегнете доколку планирате ваква венчавка.

1-5-greshki-na-letnite-venchavki-koi-kje-gi-rastazhat-vashite-gosti-www.kafepauza.mk_

1. Вообичаен код за облекување

Иако е познато дека мажите на венчавките носат костуми, сепак доколку планирате церемонија на високи температури, можеби е подобро да се одлучите за нешто полежерно. Тие ќе ви бидат благодарни и ќе останат во добро расположение за време на целата прослава.

2. Церемонија во текот на денот

Ако токму тогаш „удри“ топлотен бран, сонцето е немилосрдно… сигурно знаете на што мислиме. Токму затоа и заборавете на венчавка на отворено небо. Од друга страна пак, церемонија во затворен и климатизиран простор е прифатлива, но и тогаш морате да се погрижите таа да не трае подолго, бидејќи вашите гости ќе се заморат.

3. Игнорирање на комарците

Водете сметка за нивните убоди кои сите ние ги мразиме. Постојат свеќи со мирис кој ги одбива, ламби, но и спреови против непоканетите, летачки гости, за кои не би било лошо да им бидат на услуга на гостите во корпа која е поставена на некое видливо место.

2-5-greshki-na-letnite-venchavki-koi-kje-gi-rastazhat-vashite-gosti-www.kafepauza.mk_

4. Прелесна храна

Сфаќаме, доматите и лубеницата се омилени во летниот период и се доста вкусни, но обидете се сите слични овошја и зеленчуци да ги комбинирате со некоја малку „потешка“ храна за да не ги оставите вашите гости гладни.

5. Не водите сметка за водата

Морате да ја имате доволно и да ви биде секогаш при рака, бидејќи сепак е лето и температурите се високи во текот на целиот ден. Иако веруваме дека заради возбуденоста не размислувате на тоа и можеби мислите дека на вашите гости важен им е само алкохолот. Можеби понекогаш и навистина е така, но водата не смее да недостига.

Доколку планирате венчавка и ви е потребна инспирација за декорацијата и околу деталите, погледнете ги овие Инстаграм профили кои се наменети за сите оние кои наскоро планираат венчавка.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар