31 суптилен начин на кој другите ви покажуваат какви навистина се

Можеби имате пријатели со кои толку долго сте заедно, што веќе знаете како дишат. Но во животот постојано ќе среќавате нови луѓе и секогаш е потребно да откриете за каква личност станува збор. Овие знаци и начини на однесување можат да ви помогнат уште на почетокот да забележите дали некоја личност е добра или лоша за вас.

31 суптилен начин на кој другите ви покажуваат какви навистина се

1. Кога некој пријател има да каже нешто негативно за секого што го знае, верувајте дека го прави истото и за вас зад вашиот грб.

2. Кога некој ќе ви каже дека не бара врска засега, верувајте му. На овој начин луѓето покажуваат дека не сакаат да му се посветат некому.

3. Ако некој се грижи повеќе за она што би било на нивното резиме, наместо за она што ќе го направат, поважно му е како го гледаат другите наместо како прави другите да се чувствуваат.

4. Ако некој веднаш одбива критика без воопшто да размисли дали е вистинита, на некое ниво верува дека е вистина.

5. Кога некој ќе ви упати лош коментар кој звучи како навреда доколку не бил кажан во форма на шега, верувајте дека тоа е неговото вистинско мислење.

6. Ако некој е добар само кога има корист од тоа, тој се грижи повеќе за неговите моментални желби отколку за поголемото добро.

7. Ако некој направи многу за да се извини за грешка од минатото, верувајте дека навистина му е жал. Тогаш веќе не може да добие ништо освен мир на совест.

8. Ако некој ви се заканува дека ќе ве напушти кога е гневен, но ветува дека ќе остане кога е смирен, сака повеќе да ве повреди отколку да си замине.

9. Ако некој ви вели дека сака да ве напушти кога е смирен, верувајте дека се обидува да ве подготви и да ве повреди што е можно помалку.

10. Ако некој може да биде среќен за луѓето кои се поуспешни од него, тој верува во своите одлуки.

11. Ако некој е ирационално гневен кон другите, сака нешто премногу и е убеден дека не може да го има.

12. Забележете како некој се однесува кон себе кога работите не му одат по план. Тоа е неговото висинско лице.

13. Забележете како некој се однесува кон другите кога работите не му одат по план. И тоа е неговото вистинско лице.

14. Забележете го начинот на кој некој се однесува со странците, особено со оние кои не можат да направат ништо за него. Тоа покажува колку почит има кон другите.

15. Забележете го начинот на кој се однесува некој кон луѓето кои можат да направат многу за него. Тоа покажува колку се почитува.

16. Ако некој постојано повторува колку не му е грижа за нешто, големи се шансите дека сепак многу се грижи за тоа.

17. Ако некој ви кажува дека му недостигате и сака да ве види, но никогаш не прави план, имајте на ум дека веројатно се обидува да биде фин наместо да се поврзе со вас.

18. Ако некој бара одмазда за оние кои го повредиле, тие не се обидуваат да се изедначат толку колку што сакаат да го поништат она што другата личност го направила или го кажала.

19. Кога некој се обидува да ја разбере перспективата на некој кој го повредил, верувајте дека тој е „поразбуден“ и посвесен од другите.

20. Ако некој се шегува со некого на начин на којшто го повредува, има несигурности кои се многу длабоко вкоренети.

21. Кога луѓето не се појавуваат за вас, особено на важни настани, верувајте дека повеќе се заинтересирани за идејата за вашата врска, наместо за вас како личност. Секој вели дека се грижи, но луѓето кои се појавуваат се оние кои навистина се грижат.

22. Ако му кажете некому дека ве повредил и тој веднаш го оспорува начинот на којшто се чувствувате, најверојатно си имате работа со себичен човек или нарцис.

23. Ако кажете некому дека ве повредил и забележите дека тоа навистина има влијание на него, верувајте дека навистина се грижи за вас.

24. Ако некој ви вети дека ќе се промени за повеќе да не бидете гневни, но не прави ништо, нема да се промени сè додека не е подготвен за тоа.

25. Ако некој изгледа како добра личност пред вас, но агресивен и различен кога го гледате отстрана, повеќе важи второто за неговиот карактер.

26. Ако некој го брани неговото сурово и грубо мислење велејќи дека само бил искрен, или му недостига емпатија или вештини за комуницирање.

27. Ако некој изгледа како постојано да има нови пријатели и не може да задржи работа, стан или група повеќе од една година, сигурно има причина за тоа.

28. Ако некој има потреба постојано да ве поправа и никогаш не се согласува со вас инстинктивно, голема е веројатноста да ве гледа како закана и треба да покажете доминантност.

29. Ако некој прави да се чувствувате чудно по некое време, без некоја особена причина, верувајте им на вашите инстинкти. Можно е да се однесува лошо кон вас без да бидете свесни за тоа.

30. Ако некој ви каже дека одредена врска или ситуација постојано му се случува, како на пример постојано го ставаат во пријателската зона, или постојано ги губи најдобрите пријатели, тоа е предупредување.

31. Ако некој сака да се ослободи од минатите таги и да започне наново во вашата врска, верувајте му. Полесно е да се тргнете од нешто отколку да се промените поради среќата на некој друг.

Погледнете и кои мали нешта откриваат многу за вашиот карактер.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар