21 фаза низ која поминува токсичната љубовна врска помеѓу нарцис и емпат

Емпатите се нежни и грижливи личности, коишто поседуваат дарба за чувствување на туѓите емоции, како да се нивни. Тоа ги прави одлични слушатели, како и посветени и лојални љубовни партнери, подготвени да го решат секој проблем. Од друга страна, нарцисите страдаат од ментално нарушување, поради коешто имаат зголемено чувство за својата важност, се чувствуваат супериорно, очекуваат другите луѓе да им се восхитуваат и воопшто не се грижат за туѓите емоции. Под таа нивна маска, во суштина се крие многу ниска самодоверба, којашто се руши дури и од најмалата критика.

21 фаза низ која поминува токсичната љубовна врска помеѓу нарцис и емпат

Врската помеѓу емпат и нарцис е дефинитивно многу токсична, дури и да не делува така на почетокот. Прочитајте ја оваа 21 фаза во љубовната врска помеѓу нарцис и емпат и дознајте дали и вашата е таква.

1. Нарцисот го привлекува емпатот како магнет. Ако започнат врска, љубовта на емпатот ќе биде длабока и безусловна. Од друга страна, нарцисот нема намера за формирање длабока конекција и зближување со емпатот. Притоа, емпатот е среќен и задоволен секогаш кога е покрај нарцисот и се залажува дека љубовта му е подеднакво возвратена.

2. Емпатот почнува да мисли дека конечно ја пронашол љубовта на својот живот. Нарцисот му возвраќа подеднакво, создавајќи му илузија со којашто прави емпатот да мисли дека меѓу нив постои специјална конекција, којашто е невозможно да се скрши. На моменти, може да делува дека и нарцисот сака да е во таа врска, подеднакво исто колку и емпатот, но тоа е далеку од вистината. Единствената цел на нарцисот, е да ја има контролата во свои раце.

3. Како што ќе проаѓа времето, нарцисот ќе се обидува да ја уништи самодовербата на емпатот, правејќи да се чувствува слабо и неспособно, да ги извршува дури и наједноставните активности. Нарцисот нема никогаш отворено да го нападне емпатот, но ќе каже нешто од типот: „Не би сакал да те повредам, но…“ и потоа ќе истакне некоја слабост на емпатот. Целата контрола врз врската ќе биде во рацете на нарцисот, бидејќи тој ќе одлучува за сите нешта. Емпатот, ќе почне да мисли дека е неспособен за ништо и ќе се чувства среќно, што го има нарцисот во својот живот.

4. Нарцисот ќе стане центарот на универзумот за емпатот, и тој ќе се залажува дека они се лудо вљубени еден во друг. Емпатот секогаш ќе се труди да му помогне, да се грижи, да го разведри и утеши нарцисот. Кога и да му е потребен, емпатот ќе биде тука за нарцисот, и во добро и во лошо. Нарцисот, ќе почне да се претставува себеси како жртва, манипулирајќи го емпатот да му го дава сето она што му е потребно, бидејќи е свесен дека емпатите имаат природна потреба за помагање.

21 фаза низ која поминува токсичната љубовна врска помеѓу нарцис и емпат

5. Намерите на емпатот се целосно искрени. Тој има добро срце и не може да го увиди фактот, дека раните на нарцисот се различни од неговите и лекувањето на истите е од различен карактер. Поентата е, дека раните на нарцисот не можат да бидат излекувани со љубов, па емпатот почнува да мисли дека нарцисот е личност, којашто е имуна на љубов.

6. Во оваа фаза, љубовната врска почнува да се врти само околу нарцисот. Најпосле, емпатот ќе го воочи ова, бидејќи како што ќе проаѓа времето, тој ќе започне да се плаши да ги споделува своите чувства и да се бори за желбите и потребите во врската. Емпатот, попрво би умрел, отколку да му даде некому причина да не го сака, па ќе продолжи да му угодува на нарцисот, и покрај тоа што не се чувствува среќно во таа врска.

7. Колку повеќе нежност, посветеност, напор, љубов и грижа емпатот му дава на нарцисот, толку повеќе нарцисот се чувствува дека ја има целосната контрола врз нештата. Воедно, ако емпатот и понатаму продолжи да вложува и да се залага за врската, ќе биде речиси невозможно да ја воочи вистината. Проблемите ќе почнат да излегуваат на површина, во моментот кога емпатот конечно ќе се „разбуди“ и границата на толеранција ќе му биде надмината.

8. Во ова фаза, емпатот конечно ќе почне да се бунтува, бидејќи нема да може веќе да поднесе како нарцисот ја обезвреднува нивната врска. Емпатот ќе започне да се чувствува безнадежно, бидејќи неговите емоции не се земаат предвид. Во моментот, кога емпатот ќе сфати дека цело време живеел во илузија, ќе почне конечно да ја кажува вистината. Притоа, нарцисот нема воопшто да биде задоволен од овој пресврт на настаните.

9. Нарцисот е личност на којашто ѝ треба постојано внимание. Овие типови луѓе, се чувствуваат задоволно кога другите луѓе се опседнуваат со нив. Без разлика на тоа, нарцисите никогаш не се чувствуваат среќно, без разлика колку внимание и љубов примаат од другите. Ним секогаш им треба нешто повеќе, а емпатите честопати, не умеат да го сфатат тоа.

10. Кога емпатот конечно ќе се отвори за своите емоции пред нарцисот, тој ќе почне да го нарекува „луд, драматичен или нереален“. Нарцисот ќе ги игнорира сите обиди на емпатот да ја спаси врската и повторно ќе пробува да го манипулира, за да ја врати контролата над врската.

11. За емпатот, е невозможно да го разбере ваквото однесување на нарцисот. Тој, ќе започне да се обвинува себеси за сè што не чини во нивната врска, бидејќи нарцисот направил да се чувствува дека не е доволно добар или дека не вреди доволно за да биде сакан.

Дознајте ги останатите фази на следната страница

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар