3 причини зошто наутро не чувствувате глад, a би требало

3 причини зошто наутро не чувствувате глад, a би требало

Дека појадокот е најважниот оброк во денот, досега научија и птиците. Сепак, многу луѓе наутро не чувствуваат глад, дури им е мака кога ќе помислат на храна. Причината е прилично едноставна – а во голем дел сте и самите криви за тоа.

Сендвичи, житарки со млеко, овошје, млечни производи, здрави јаглехидрати… изборот за здрав појадок е неограничен. А најдоброто од сѐ е тоа што можете да јадете што било во овој период од денот, ако потоа водите сметка за она што го внесувате. Поради тоа за многумина појадокот е омилениот оброк во денот, но за жал гладот на многумина не се буди заедно со будилникот.

1-4-prichini-zoshto-nautro-ne-chuvstvuvate-glad-a-bi-trebalo-www.kafepauza.mk_

Постојат 3 можни причини:

1. Не сте навикнати

Метаболизмот е чудна работа, кој најчесто функционира врз основа на навика. Ако со години не појадувате, сосема е логично дека вашето тело не е навикнато на тоа и дека нема да има потреба за храна веднаш штом ги отворите очите. Решението е едноставно – натерајте се себеси да каснувате што било наутро. И две залчиња се доволни за да го покренете метаболизмот кои лесно ќе ве поведат во магичниот свет на појадувањето.

2. Премногу сте изеле претходната вечер

Во текот на ноќта метаболизмот се сведува на минимум, па така и варењето како воопшто да не функционира. Затоа не треба да ве чуди ако вечерта изедете премногу храна, а наутро кога ќе се разбудите сè уште да се чувствувате сито. Едноставно, телото нема време да ја свари целата храна што сте ја внеле претходната вечер. Решението, повторно е прилично едноставно, но за многумина не е лесно. Обидете се да вечерате порано и да внесувате полесна храна, која побрзо ќе се свари. Вечерата генерално не би требала да биде голем оброк, а ова е и одлична навика за целокупното здравје.

2-4-prichini-zoshto-nautro-ne-chuvstvuvate-glad-a-bi-trebalo-www.kafepauza.mk_

3. Хормони

Како и на сите останати процеси во организмот, хормоните влијаат и на гладот. Телото генерално наутро лачи одреден коктел од хормони кој би требало да нè разбуди или пак доколку постои некое хормонално прометување може да предизвика мачнина и гадење од храна. За жал, со хормоните не може да си играте сами на своја рака, па доколку мислите дека имате некој проблем задолжително посетете доктор.

ПОЈАДОКОТ НЕ СМЕЕ ДА СЕ ПРЕСКОКНУВА!

Правилната и здрава исхрана подразбира добар појадок. Целта на појадокот, покрај онаа основната која е да ве нахрани, е и да го разбуди и забрза метаболизмот. Луѓето кои го прескокнуваат појадокот и на тој начин „штедат“ калории со цел да ослабат прават голема грешка. Појадокот треба да биде комплетен и да нè држи со часови, но не смее да биде преобилен или премногу јак за да нè заспие. За појадок избирајте здрави јаглехидрати, како што се целите зрна од житарки, кои се разградуваат побавно и подолго го одржуваат чувството на ситост. Исто така тие ве снабдуваат со енергија подолго време.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар