23 прашања што треба да ги поставите ако сакате некого вистински да запознаете

Дали има нешто повозбудливо од првата средба со некого и добивањето можност да се дознае неговата животна приказна? Без разлика дали станува збор за прв состанок или прва пријателска средба, можностите се широко отворени и следните неколку часови треба да ги поминете во откривање и споделување на вашите животни приказни.

23 прашања што треба да ги поставите ако сакате некого вистински да запознаете

Во продолжение откријте кои прашања треба да ги поставите за да оформите целосен впечаток за личноста со која разговарате.

1. Каде се гледаш себеси за 5 години?

Преку ова прашање може да ги дознаете целите на личноста со која разговарате и да осознаете дали тие цели се поклопуваат со вашите.

2. Кој момент од твојот живот ти е најинтересен во моментов?

Со ова прашање веднаш ќе ги дознаете интересите на личноста и на тој начин ќе откриете дали си одговарате и дали споделувате нешто заедничко.

3. Со кој филмски лик се идентификуваш и зошто?

На овој начин, заобиколувајќи го егото на соговорникот ќе откриете за каква личност се работи.

4. Што посакуваш кога ќе ги дувнеш свеќичките од тортата или кога фрлаш паричка во фонтана?

На тој начин ќе откриете што личноста посакува и на што се надева.

5. Зошто се разделивте со претходниот партнер?

Ако во одговорот вашиот соговорник го обвинува поранешниот партнер за тоа, тогаш вклучете го вашиот „аларм“.

6. Какви се твоите релации со семејството?

Не е секој близок со своето семејство, но начинот на кој соговорникот ја согледува оваа релација, многу зборува за него.

7. Кој е твојот најголем страв?

Понекогаш ова прашање ќе ви овозможи да ја откриете ранливата страна на другата личност. Обратете внимание!

8. Кому му се обраќаше кога беше повреден/а или исплашен/а кога беше дете?

Ако одговорот е „Никому“- тогаш веднаш ќе дознаете како соговорникот се соочува со стресните ситуации. Но и ако одговори дека барал помош од родителите, тоа може да значи дека се работи за несигурна и зависна личност која постојано бара потврда од партнерот.

9. Како се снаоѓаш со финансиите? Колку трошиш?

Можеби со ова прашање ќе отидете предалеку, но имајте на ум дека финансиите се важно прашање во секоја релација.

10. На што најмногу се гордееш?

Со ова прашање може да откриете што најмногу цени соговорникот и како го поминува своето слободно време.

11. Како се справуваш со стресот? Се јавуваш некому или се осамуваш?

Начинот на кој ќе ви одговори ќе ви покаже што личноста очекува од блискиот кога има тежок период.

Продолжете да читате на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар