Претходно
13 работи на кои помислува секое машко за време на секс
Можеби жените знаат да одлетаат со мислите и да ги планираат обврските кои ги имаат, но и мажите мислат на некои работи за време на овој чин. Еве со што се окупираат тие.

1. Ова не делува баш како што треба… Дали влегов добро? Ах, сега стана дури болно. Мислам дека удрив во коска. Чекај, има нешто такво? Вагинална коска?

2. Грч! Грч! Грч! Ах, леле ногата!
3. Дали се потпирам на нејзината коса? Леле, сега само што ја преместив раката и мислам дека ѝ откорнав цел прамен коса.

4. ОК, мора да се потрудам да издржам подолго, но не премногу долго инаку ќе стане непријатно. Треба да најдам баланс помеѓу возбудувањето и одвлекувањето на вниманието за да сака и таа да го правиме ова пак некогаш заедно.

5. Звуков беше вистински или лажен? Дали глуми затоа што ѝ се допаѓам или само сака да продолжам бидејќи ѝ е ужасно и сака само да заврши?

6. Пред една минута испушташе звуци, но сега е тивка. Тоа е добро или лошо? Треба да продолжам вака или да се смениме? Да не треба да си одам?

7. Требаше да кажам нешто секси, но мислам дека само промрморев нешто за нејзините гради. Што не е во ред со мене?

8. Само малку ја сменив положбата и таа веднаш застенка. Сега сум официјално господар на сексот.

9. Го спомнува нејзиниот задник затоа што го зграпчив или зашто сака да пробаме нешто од позади? Ајде ќе ѝ го тријам задникот околу 20 минути па ќе видам што ќе се случи.

10. Чекај, еден од нас мора да остане мирен зашто кога јас одам горе ти одиш долу. Ах, сега двајцата сопревме. Ова е како кога некој се обидува да отклучи врата од кола, но некој друг цело време ја влече рачката.

11. Дали е чудно што сум толку гладен во моментов? (Ова е моментот кога почнуваш да размислуваш за остатоците што ги имаш во фрижидер и тотално се деконцентрираш во моменталната активност.)

12. Уште 2 минути ќе свршам. Време е да се ставам во турбо мод.

13. После 30 минути од оргазмот: Е сега паѓам за спиење.































