Шармирајте како француските дами

Француските дами отсекогаш имале некој посебен шарм. Нивната безгрижност и заводливост е можеби и причината зошто тие се толку познати и обожавани. Но што поточно ги прави француските дами толку уникатни и со беспрекорен стил?

sarmirajte-kako-francuskite-dami-kafepauza.mk

1. Квалитет vs. квантитет

Односно: купувајте помалку облека, но со поголем квалитет. Типичниот француски гардеробер можеби само еднаш годишно се обновува, но парчињата кои се купени вредат да бидат внатре. А таму сигурно нема да се најдат голем број сезонски парчиња.

Начинот на кој е направенa облеката исто така е многу важен за француските муштерии како нивниот квалитет. Многу поголема е веројатноста да видите француска дама како носи исто сако на различни начини, отколку различни сакоа за секое излегување.

2. Кројот е есенцијален

Уште една причина за средениот изглед на Французинките е тоа што тие внимаваат на тоа како облеката им стои. Широките пантолони, тесните фустани и облеката со дупки е гардероба која дефинитивно не припаѓа овде. Француски жени велат: „облекувај се за бројот кој го носиш, а не за оној што би сакала да го носиш“. Облеката која ви е точна го прави вашиот изглед да биде уште пософистициран и стилски совршен.

3. Внимателно со трендовите

Многу е мала веројатноста да видите жена од Франција која ќе биде облечена според најнова мода. Не, тие не ги избегнуваат модните трендови, туку одбираат кои ќе го прифатат. Плус, Французинките се оние кои ги измислија модните трендови.

Клучот е во миксот: мешајте класично со модерно, ново со старо и секојдневно со свечено. Важно е да имате личен стил, а тоа е нешто што дамите од Франција го имаат и премногу.

2-sarmirajte-kako-francuskite-dami-kafepauza.mk

4. Не претерувајте

Немојте да се накитите како новогодишна елка. Никогаш нема да најдете дама која има премногу шминка, избелени заби, високи потпетици, гломазен накит и силен парфем во исто време. Класичната едноставност е токму она што плени. Дури Коко Шанел рекла дека пред жената да излезе од вратата, таа треба да се погледне во огледало и да го тргне првото парче накит кое ќе го здогледа за да избегне премногу нападен изглед.

5. Опремете се со основните парчиња

Иако денеска модата влијае многу на облеката која ќе се најде во нашиот плакар, сепак постојат некои парчиња кои дефинитивно мора да ги имате. Квалитетна јакна во темносина или црна боја, балетанки, црн фустан, фармерки, блузи од свила, џемпери од кашмир и добар пар салонки се дефинитивно најважните парчиња кои мора да се најдат во нашиот плакар.

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзин начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар