10 знаци дека сте во добра физичка форма дури и ако не вежбате - Part 2

10 знаци дека сте во добра физичка форма дури и ако не вежбате

6. Спиење

10 знаци дека сте во добра физичка форма дури и ако не вежбате

Спиењето е период кога вашето тело најмногу се одмора. Вашиот распоред на спиење е здрав ако:

  • Заспивате за помалку од 20 минути
  • Спиете барем 6 часа и помалку од 10 часа
  • Не се будите често сред ноќ
  • Вашиот кревет/душек им овозможува одмор на мускулите
  • Во текот на денот имате енергија

Квалитетниот сон е клучен за вашето здравје. Ако не спиете доволно, вашиот метаболизам страда.

7. Колку сте во форма?

10 знаци дека сте во добра физичка форма дури и ако не вежбате

Дали се сеќавате на вежбите од физичко со кои ги демонстриравме нашите способности? Истото треба да го правите и како возрасни. Здрава возрасна личност може да го прави следново:

  • Барем 150 минути физичка активност
  • Аеробни вежби со времетраење од 10 минути без да се изморите
  • 10 склекови
  • Спринт од 60 секунди без сопирање

Ова важи за личности помлади од 50 години. Ако немате време за сите вежби, постои поедноставен тест за проверување на подвижноста и флексибилноста. Седнете со исправен грб, а нозете спојте ги и испружете ги напред. Испружете ги рацете нагоре и наведнете се нанапред. Ако можете без проблем да ги допрете прстите од стапалата, во главно сте во добра форма. Ако не можете, можно е да имате проблем со долниот дел од грбот и потребно е да правите вежби за истегнување.

8. Мирис

10 знаци дека сте во добра физичка форма дури и ако не вежбате

Пријатниот телесен мирис е знак за здраво тело. Ако вашето тело мириса горчливо или кисело, има некој проблем. Се разбира, немојте да го мешате овој мирис со мирисот на пот после вежбање. Тоа е сосема нормално.

9. Ниво на енергија

10 знаци дека сте во добра физичка форма дури и ако не вежбате

Вашето ниво на енергија зависи од сонот, но и од тоа дали се чувствувате изморено правејќи некоја од следниве нешта:

  • Лесни вежби
  • 8 часа работа на биро
  • Спортување

Заморот може да биде знак за ниско ниво на железо, лоша исхрана, па дури и депресија.

10. Добра циркулација на крвта

10 знаци дека сте во добра физичка форма дури и ако не вежбате

Ако имате проблеми со што било од спомнатите знаци, може да станува збор за посериозно нарушување. Циркулацијата е клучна за доброто здравје, па потребно е да реагирате ако често имате главоболки, трнење и грчеви во мускулите.

Емоционална проверка

10 знаци дека сте во добра физичка форма дури и ако не вежбате

Друг важен индикатор за здравјето е вашата способност да се справите со силните емоции, како и вашиот поглед кон животот. Проблемот со емоциите може да укажува на психолошки нарушувања како депресија и нервоза.

Погледнете ги и овие знаци дека сте во многу подобра форма отколку што мислите.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар