10 трикови за природно отстранување на темната кожа од колената и лактите - Part 2

10 трикови за природно отстранување на темната кожа од колената и лактите

6. Кокосово масло

10 трикови за природно отстранување на темната кожа од колената и лактите

Кокосовото масло е богато со масни киселини и витамин Е кои помагаат во обновувањето на кожата.

  • По секое капење нанесете кокосово масло на проблематичните места.
  • Нежно масирајте 2-3 минути додека не се впие маслото.

Можете да додадете и 1/2 лажичка сок од лимон во 1 лажичка кокосово масло и нежно да ги масирате колената и лактите неколку минути.

7. Мед

10 трикови за природно отстранување на темната кожа од колената и лактите

Медот е како природен навлажнувач. Во комбинација со лимон може да направи вистинско чудо за вашата кожа.

  • Измешајте 2 лажици мед, сок од половина лимон и 1 лажичка сода бикарбона.
  • Нанесете ја смесата на проблематичните места.
  • Оставете да делува 20 до 30 минути и исплакнете.

Медот е одличен и во комбинација со млеко и алое вера. Измешајте 1 лажица мед со 1 лажичка млеко и 1 лажица гел од алое вера. Нанесете ја смесата на кожата, оставете да делува 15 минути и исплакнете со топла вода.

8. Шеќер и маслиново масло

10 трикови за природно отстранување на темната кожа од колената и лактите

Домашно направениот пилинг од шеќер и маслиново масло ќе ја негува и навлажни вашата кожа и ќе ги отстрани мртвите клетки.

  • Измешајте исто количество шеќер и маслиново масло.
  • Нанесете на проблематичните места и масирајте околу 5 минути.
  • Повторувајте еднаш неделно.

Овој пилинг можете да го користите и за вашето лице. Само немојте да триете премногу за да не ја оштетите кожата.

9. Пилинг од овес

10 трикови за природно отстранување на темната кожа од колената и лактите

Овесот е уште еден ефективен производ за беспрекорна кожа. Потребни ви се сок од лимон, овес и сол.

  • Измешајте сок од половина лимон, половина лажица овес и малку сол.
  • Нанесете го пилингот на колената и лактите и масирајте 10-15 минути.
  • Исплакнете со топла вода.
  • Повторувајте 3-4 пати неделно за најдобри резултати.

Можете да измешате и 2 лажици овес со 2 лажички млеко. Масирајте ги проблематичните места 10-тина минути и исплакнете со топла вода.

10. Оцет и јогурт

10 трикови за природно отстранување на темната кожа од колената и лактите

Оцетната киселина и млечната киселина ќе ги исчистат колената и лактите и ќе ја направат кожата блескава.

  • Измешајте 1 лажица јогурт и 1 лажица јаболков оцет.
  • Нанесете ја смесата на кожата и оставете да делува 15 минути.
  • Исплакнете со топла вода.
  • Повторувајте 3-4 пати неделно.

Друг начин да ја осветлите кожата е да направите смеса од оцет и малку вода и да ја нанесете на лактите и колената со памук. Оставете да делува 15 минути и исплакнете.

Пробајте ги и овие совети за правилна нега на кожата во летните денови.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар