5 совети за правилна нега на кожата во летните периоди кои можеби не сте ги знаеле

5 совети за правилна нега на кожата во летните периоди кои можеби не сте ги знаеле

Веќе ви е познато дека употребувањето на млекото за сончање во лето е нешто што никогаш не треба да се прескокне, доколку сакате да се заштитите од штетните влијанија на ултравиолетовите зраци. Но, постојат уште неколку интересни начини на кои можете да го одржувате здравјето, еластичноста и нежноста на вашата кожа. Во продолжение прочитајте ги 5-те совети за правилна нега на кожата за време на жешките летни периоди, кои можеби не сте ги знаеле.

5 совети за правилна нега на кожа во летните периоди кои можеби не сте ги знаеле

1. Помалку ексфолирајте

Шеќерните, односно природните ексфолијации со шеќер се дозволени, но вештачките ексфолијанти треба поретко да се користат. Доколку се подготвувате за летен одмор и одење на плажа, тогаш избегнувајте ја нивната употреба бидејќи можат да ја зголемат вашата чувствителност на сонцето.

2. Зголемете го консумирањето на витамин Ц

Кога сте изложени на сончевите зраци на подолг временски период, вие имате повисок ризик да го оштетите организмот со слободни радикали. Освен што треба редовно да го консумирате преку овошјето и зеленчукот, преку летните периоди, набавете серум од витамин Ц и секојдневно премачкувајте ја кожата за да се заштитите од надворешните влијанија и да го забавите процесот на стареење.

3. Премачкувајте се со млеко за сончање повеќе пати во денот

Особено ако имате мрсна кожа. Природните масла ги уништуваат ефектите на млеката за сончање многу брзо, па затоа внимавајте на деловите на кожата кои можат да се измрсат – како вашето чело или носот. Доколку не сакате вашата кожа да сјае, тогаш млекото за сончање во форма на пудра или стик може да биде добра алтернатива.

4. Туширајте се со ладна вода

Не само што жешките тушеви се последното нешто што ви треба по деновите поминати на сонцето, туку тие дополнително и непотребно ја сушат кожата. Држете се до млаката вода и премачкајте се со млеко за тело или лосион по неколку минути, откако ќе ви се исуши кожата.

5. Почесто користете лосион или млеко за тело

Најважниот фактор во лечењето на раните како на пример, сончаницата и црвената кожа е ставањето лосион или млеко за тело. Дури и доколку не сакате да се мачкате со нив, посебно кога вашата кожа ве боли и пече, сепак обидете се да издржите бидејќи на тој начин изгорениците побрзо ќе исчезнат. Само запомнете да се држите до оние производи кои нема да ја иритираат вашата кожа.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар