10 нешта што интуитивните личности ги прават често, а останатите тешко ги разбираат

10 нешта што интуитивните личности ги прават често, а останатите тешко ги разбираат

Интуитивните луѓе секогаш повеќе се интересираат за она што не е кажано или земено предвид отколку за она што е. Тие повеќе ја вреднуваат теоријата и истражувањето на можностите отколку реалноста на светот околу нив. Ова однесување има тенденција да „боде очи“. Сите интуитивни личности можат да се потсетат на ситуациите во кои околината била многу збунета од нивните размислувања и однесувања. Погледнете ги 10-те најнеобични однесувања на интуитивните луѓе…

10 нешта што ги прават интуитивните личности, а останатите тешко ги разбираат

1. Имаат стимулативни расправии

Овие луѓе не го сфаќаат во целост проблемот сè додека не го прегледаат од сите можни агли. Тие не се расправаат поради тоа што сакат да бидат тешки или непристојни туку затоа што мора да ја тестираат вредноста на темата така што детално ќе ја проучат. На тој начин сакаат да видат дали во нивното размислување ќе се појават „дупки“, а некогаш и најдобро учат низ процесот на расправање.

2. Ја планираат иднината

Тие речиси и да живеат во иднината – сакаат да проучуваат кои опции ќе им се појават, кои цели да си ги постават, како ќе изгледа нивниот живот за дваесет години… Невозможно е да се испланира секој детаљ од животот, па нивниот план е подложен на одново прилагодување. За интуитивните екстроверти, прилагодувањето се случува секојдневно. За интуитивните интроверти прилагодувањето се случува според потребите, но редовно.

3. Правилата за нив се предлози

Тие не се бунтовни поради тоа, туку се бунтуваат и анализираат зошто постои правило пред да одлучат дали ќе го следат или не. Овие луѓе го мразат однесувањето што е произволно, па доколку сметаат дека правилото е застарено не им е проблем да го отфрлат и да ги прават работите на свој начин.

4. Анализираат сè

За нив не е доволно само да разберат како одредено прашање се однесува на нив – тие мора да ги сфатат глобалните импликации на тој проблем или да создадат темелна теорија која поврзува сè заедно. Тие сакаат да го знаат секое објаснување за секој опиплив проблем.

5. Не веруваат во авторитети

Тие веруваат во компетентност повеќе отколку во квалификации и сакаат да донесат сопствен суд за тоа колку се способни другите. Интуитивните личности се многу свесни за човечката склоност да дава предност на она што е соодветно и не можат да веруваат во нешто само затоа што долго постои.

6. Бараат различности

Тие се природно навлечени кон невообичаени и неконвенционални работи. Целиот свој живот го поминуваат обидувајќи се да го состават сеопфатниот светоглед, што значи дека настојуваат да ги разберат различностите колку што е можно повеќе. Овие луѓе постојано се во потрага по нови очила низ кои ќе можат да го видат светот.

7. Имаат чудни интересирања

Бидејќи тоа што не го знаат секогаш им е поинтересно од тоа што го знаат, овие луѓе ќе се занимаваат со погодување теми или создавање теории. Многу интуитивните личности уживаат во истражувањето на теориите на заговор и други такви „неосновани“ методи на расудување, бидејќи уживаат во аспектот ментална гимнастика, поврзувајќи на прв поглед неповрзани работи.

8. Селективно се дружат

Интуитивните личности што се екстровертни се сметаат за најинтровертни типови од сите останати екстроверти. Додека интуитивните што се интровертни можат да бидат интровертни по природа, но доколку ги ставите заедно во соба овие два типа, разговорот ќе тече со часови.

Интуитивно доминантните типови често се исцрпуваат кога се ангажирани во физичко опкружување, но тие се бескрајно енергични кога се вклучени во квалитетен разговор. Тие се сметаат за „селективно социјални“ – повеќе би биле сами отколку со луѓе со кои не можат да се поврзат, но кога се во друштво на интуитивни истомисленици, нивната социјална страна блеснува.

9. Имаат алтернативна животна насока

Тие се природно привлечени од чудни, проактивни и неконвенционални работи. Можат да бидат склони кон приклучување кон нетрадиционални структури на однесување или експериментираат со изборите за начин на живеење кој отскокнува од социјалните норми.

Бидејќи овие луѓе имаат пристап објаснет како „зошто да не“ во нивните животи честопати се бунтуваат. Не се работи за тоа дека сè сакаат да прават поинаку туку дека животниот стил им го одржува нивниот начин на размислување, а нивниот ум е многу чудно подрачје.

10. Склони се кон жестоки тврдења дури и кога не се согласуваат со нив

Ако постои сигурен начин да им влезете под кожа, тогаш тоа е преку настојување дека нешто во основа е црно или бело. Тие брзо ја преземаат улогата на застапник во секоја ситуација во која гледаат дека спротивната страна формира мислење без да биде разгледано алтернативното гледиште. Тие се склони кон жестоки тврдења со кои дури не се согласуваат, само за да докажат дека прашањето е посложено отколку што се претпоставува.

Дознајте и како да ја истренирате интуицијата за да ги предвидите работите што ќе ви се случат.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Психолог кој најдобро се изразува преку пишаниот збор. Нејзиниот личен лајтмотив гласи: „Остани своја и поинаква бидејќи само така ќе блеснеш во полн сјај!“

Поврзани содржини

Остави коментар