„Благодарна сум за сè што имам“: Елена Ристеска го прослави својот 40-ти роденден
Елена Ристеска го прослави својот 40-ти роденден и по тој повод сподели емотивна порака на социјалните мрежи.
Пејачката денот го започнала со чувство на благодарност, а во објавата искрено се обрати до своите следбеници и пријатели.

„40-ка! И не е така лошо чувството. Се будам и чувствувам благодарност“, напиша таа.
Елена истакна дека е благодарна за сè што има и за можностите што ги добила во животот, но и за луѓето кои се дел од нејзиниот пат.
„Благодарна сум за сè што имам и што ми даде Бог можност да стекнам. Благодарна за сите луѓе кои се до мене овие 40 години, како и за сите кои ќе бидат до мене во наредните 40“, додаде таа.
Со доза на хумор, Ристеска напиша дека следните години „ќе мора да бидат малку посериозни“, алудирајќи на новото поглавје во животот.
Воедно, таа упати и благодарност до сите кои ѝ честитале роденден, напоменувајќи дека поради големиот број пораки можно е да не успее на сите да одговори.
„Доколку не ви вратам, овде ви благодарам на сите кои одвоивте време да ми честитате – тоа навистина ми значи многу“, напиша пејачката.
Со својата искреност и позитивна енергија, Елена уште еднаш покажа зошто важи за една од омилените јавни личности кај публиката.
Редакцијата на Кафе пауза го честита роденденот на Елена Ристеска!


























