Забавни цитати за виното кои совршено ја објаснуваат потребата од една чаша во денот

Забавни цитати за виното кои совршено ја објаснуваат потребата од една чаша во денот

Виното е стар пијалак со фасцинантна историја и значење. Токму затоа нашло пат до срцата, а секако и до умовите на големите светски писатели, научници, филозофи и пред сè боеми кои со восхит ја опишуваат својата врска со виното. Црно како болка, а истовремено слатко како мед. На здравје.

Забавни цитати за виното кои совршено ја објаснуваат потребата од една чаша во денот

Јас готвам со вино, а некогаш дури и го додавам во храната.“ – В. Ц. Филдс

Или дајте ми уште вино, или оставете ме на мир.“ – Руми

Прифатете го тоа што ви го нуди животот и обидете се да пиете од секоја чаша. Сите вина мора да се пробаат. Од некои само една голтка, од други цело шише.“ – Паоло Коелјо

Човекот секогаш треба да биде пијан. Тоа е најважно. Но, од што? Од вино, од поезија, од доблести, изборот е ваш. Но, бидете пијани.“ – Шарл Бодлер

Виното е едно од најцивилизираните нешта во светот и едно од најприродните нешта во светот кое било доведено до најголемо совршенство и нуди голем опсег на уживања и ценења за разлика од, најверојатно, сите други чисто сензорни нешта.“ – Ернест Хемингвеј

Неговите усни пијат вода, но неговото срце пие вино.“ – Е. Е. Камингс

Во црква, за време на службата, даваат бесплатно вино. Зборувајте ми за одлични места за пиење и запознавање жени.“ – Џерод Кинц

Ако зборовите можеа да ја ублажат болката, никој немаше да се мачи да гмечи зрна од грозје.“ – Скот Линч

Сувото грозје на земјата е полно со надеж дека ако продолжи да старее, ќе се претвори во вино и ќе се опијани од себеси.“ – Џерод Кинц

Виното е најздравиот и најхигиенскиот пијалак.“ – Луј Пастер

Пивото е направено од човек, виното од Господ.“ – Мартин Лутер

Кое вино оди најдобро со житарки?“ – Џорџ Карлин

Дајте ми вино да ги измијам дамките на време.“ – Ралф Волдо Емерсон

Виното ги прави сите нешта возможни.“ – Џорџ Р. Р. Мартин

Шишето вино моли да биде споделено. Никогаш не сум сретнал алчен љубител на вино.“ – Клифтон Федимен

Виното секој ручек го прави значаен и свечен, секоја маса поелегантна, а секој ден поцивилизиран.“ – Андре Симон

Првиот бакнеж и првата чаша вино се најдобри.“ – Марти Рубин

Мојата љубов е како празно шише вино. Ако се прашувате, мојата поранешна жена го испи цело.“ – Џерод Кинц

Виното е постојан доказ дека Господ нѐ сака и дека сака да нѐ гледа среќни.“ – Бенџамин Френклин

Вино! Бидејќи овие проблеми нема да се заборават сами од себе!“ – Тања Масе

За авторот
Инженер под влијание на силни филмски маси. Далеку од реалноста, блиску до паметот. Иако крајот на филмот Живот го знаеме сите, сепак убаво е да уживаме додека трае.

Поврзани содржини

Остави коментар