Привлечете љубов, здравје или богатство со помош на ова растение

Привлечете љубов, здравје или богатство со помош на ова растение

Сигурно сте слушнале за среќниот бамбус, растение кое во последните години стана многу популарно и е чест подарок во вид на букет, самостојно или во посебни аранжмани. Неговото име не е случајно, затоа што се верува дека навистина носи среќа во различни области. Среќниот бамбус е името на растението кое ќе го пронајдете во секоја цвеќарница, но всушност не станува збор за бамбус, туку за растение од видот „Dracena sanderiana“. Овој вид потсетува на бамбус по својот изглед, но и по неговите особини, како што е неговата издржливост и приспособливост. Најверојатно и вие некогаш сте забележале зелени стебла во букетот кои се заоблени на врвот и се издвојуваат од другите. Тие може да изгледаат многу интересно, а исто така посебно значење има и бројот на стеблата.

Привлечете љубов, здравје или богатство со помош на ова растение

За среќниот бамбус се поврзува старото кинеско верување дека тој носи среќа, од каде што потекнува и неговото име. Во Азија ова растение се носи во новиот дом, затоа што позитивно влијае на емоциите и атмосферата, како и на работниот простор, затоа што се верува дека носи успех и напредок во кариерата. Имено, се верува дека:

  • Две стебла носат љубов
  • Три стебла обезбедуваат среќа
  • Пет стебла носат здравје
  • Осум стебла се наменети за оние кои посакуваат богатство
  • Девет стебла носат среќа на сите полиња

Доколку сакате да проверите дали ова навистина функционира, ќе ве израдува и тоа дека среќниот бамбус не бара некоја посебна нега за негово одржување. Тој се чува во вода (во проѕирен или непроѕирен сад) и на овој начин може да преживее и неколку години. Водата би требало да ја менувате или да ја дополнувате на секои 10 дена или две недели, затоа што ова растение брзо ги апсорбира хранливите материи. Најдобро е да користите отстоена вода, така што 10 сантиметри од стеблото да бидат потопени во неа.

Привлечете љубов, здравје или богатство со помош на ова растение

Треба да имате на ум дека среќниот бамбус е чувствителен на директна сончева светлина, затоа што тоа може да предизвика промена на бојата на листовите, кои ќе станат жолти. Но, ова од една страна може да се смета како негова предност, затоа што успева и во слабо осветлени простории или простории со вештачка светлина каде што повеќе билки не би успеале. Освен под влијание на директна сончева светлина, листовите може да пожолтеат и поради вишокот хлор во водата. Доколку дојде до ова, веднаш треба да ги отстраните тие листови за на нивно место да се развијат нови. Исто така треба да се спомене дека ова растение е прилично отпорно на широк опсег температури, отприлика од 15 до 32 степени.

Па, одлучете се да го збогатите вашиот дом со овој прекрасен среќен бамбус, само внимавајте колку стебла ќе изберете!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар