Најстарата личност на светот ги открива нејзините тајни за долг и среќен живот

Најстарата личност на светот ги открива нејзините тајни за долг и среќен живот

На 9-ти март 2019-та година, Гинисовата книга на рекорди официјално ја прогласи Кане Танака од Јапонија за најстарата жива личност на светот. Кане има 116 години и покрај нејзината возраст, таа е среќна и ужива во секој момент од нејзиниот живот. Светот навистина сакаше да дознае што прави оваа неверојатна жена за да биде активна и среќна на нејзина возраст, а во продолжение можете да ги откриете нејзините тајни.

Најстарата личност на светот ги открива нејзините тајни за долг и среќен живот

Долгиот живот на најстарата личност

Најстарата личност на светот ги открива нејзините тајни за долг и среќен живот

Кане Танака била родена на 2-ри јануари 1903-та година, истата година кога браќата Рајт го извеле првиот лет со машина. Таа била 7-мото дете во нејзиното семејство и имала 5 деца со сопругот Хидео Танака, кој прв пат го сретнала на нејзината венчавка. Хидео имал семеен бизнис за производство и продавање ориз, традиционални јапонски слатки и нудли.

Најстарата личност на светот ги открива нејзините тајни за долг и среќен живот

Во 1973-та година Хидео бил повикан за воена служба и Кане уште повеќе се вклучила во семејниот бизнис. Таа ги изгледала нивните деца и се грижела за мајката на Хидео. Првиот син на Кане, Нобуо, бил повикан за воена служба во 1943-та година, бил држен како затвореник и се вратил дома во 1947-ма година, после Втората светска војна. Кане продолжила да работи во семејната продавница сè до нејзиното пензионирање на 63 години.

Едноставните, но ефективни совети на Кане

Најстарата личност на светот ги открива нејзините тајни за долг и среќен живот

Па кои се тајните на Кане Танака за среќен и долг живот? Постојат неколку практични совети што таа ги споделила за време на интервјуата.

  • Будете се рано. Кане се буди околу 6 часот наутро и е подготвена веднаш да го започне денот.
  • Развивајте го вашиот мозок. Една од омилените активности на оваа жена е читање и учење математика.
  • Останете активни и друштвени. Кане станала експерт за друштвени игри и сака да ги игра со вработените во домот за стари лица каде што отседнува.
  • Јадете многу чоколадо и пијте многу кафе. Токму ова го правела Кане. На церемонијата за Гинисовата книга на рекорди, на Кане ѝ била дадена кутија чоколада што веднаш почнала да ги јаде. Кога ја прашале колку ќе изеде денес, таа одговорила 100.

Најстарата личност на светот ги открива нејзините тајни за долг и среќен живот

Кане исто така тврди дека за нејзиниот долг и среќен живот е одговорно и нејзиното семејство. Но нејзината најважна тајна е никогаш да не губите надеж, без разлика на сè. Во интервју што го дала кога имала 113 години, Кане изјавила:

„Штом дојдов олку далеку, немам друг избор освен да се трудам повеќе. Ќе го дадам најдоброто од себе!“

Во 2018-та година, Кане изјавила дека би сакала да доживее и 120 години.

Знаете ли кои познати личности успеале да влезат во Гинисовата книга на рекорди?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

  1. Ацо Reply

    Четитки за баба Кане – ген – мир – спокојство – динамика – секс – деца – фамилија – задоволство – природа – движење – чист воздух – чиста вода – здрава храна – никогаш презаситени од храна –

    поздрав на сите да бидете долговечни и да имате мноооогу деца

Напиши одговор на Ацо Откажи одговор