„Вива Спарк“ – поинакво газирано освежување со вистинско овошје за топлото лето

На почетокот на долгото и топло лето, македонската компанија „Вивакс“ започна мисија да ги освежи граѓаните со новиот газиран безалкохолен пијалак со премиум-квалитет „Вива Спарк“. Достапен во три уникатни цитрусни вкусови на бел грејпфрут и лимон, црвен грејпфрут и портокал, безалкохолниот пијалaк содржи многу повеќе свежо овошје кое брзо ја згаснува жедта и освежува.

„Вива Спарк“ - поинакво газирано освежување со вистинско овошје за топлото лето

„Вива Спарк. Почувствувај ја разликата. Нови. Газирани. Со вистинско овошје“, е слоганот зад новиот производ. Пијалакот е инспириран од сите оние кои се подготвени да се впуштат во нови предизвици, почетоци и победи и e совршениот придружник на сите возбудливи животни авантури. Шишето е со уникатен и модерен дизајн и е специјално креирано со цел да биде лесно за „аутдор“ употреба.

„Вива Спарк“ - поинакво газирано освежување со вистинско овошје за топлото лето

„Следејќи ги желбите и потребите на нашите потрошувачи го создадовме ‘Вива Спарк’ кој е резултат на непрекината работа на нашиот стручен тим во тек на една година. Во тој период беа дегустирани 200 различни вкусови од кои, на крај, беа одбрани три, односно бел грејпфрут и лимон, црвен грејпфрут и портокал. Од друга страна, за името ревидиравме и тестиравме повеќе од 150 предлози. Нашата цел е постојано да бидеме во чекор со желбите и потребите на нашите потрошувачи кои секогаш тежнеат кон нешто ново, различно и иновативно. ‘Вивакс’ ги следи светските трендови и располага со најсовремена технологија со која го создадовме овој газиран безалкохолен пијалак со врвен квалитет и со вистинско овошје кој го прави различен од останатите газирани пијалаци присутни на македонскиот пазар“  – вели менаџерскиот тим на компанијата.

„Вива Спарк“ - поинакво газирано освежување со вистинско овошје за топлото лето

Без разлика дали летото ќе го минете во град, на езеро, море или планина, „Вива Спарк“ ќе го донесе посакуваниот цитрусен вкус кој ќе ви овозможи поразлично освежување. Пијалакот е идеален за сите кои трагаат по бран свежина во топлите летни денови. Пробајте ги и почувствувајте ја разликата која ја носи вистинското овошје!

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Читај на раат!

Остави коментар