Ексклузивна претпродажна кампања на Т-Мобиле за Samsung Galaxy S6 и Samsung 6 edge

Телефоните во претпродажба можат да се купат само онлајн до 17 април. Со онлајн нарачката, корисниците добиваат попуст на телефоните од 10 отсто, три месеци без месечна претплата, како и безжичен полнач.

Т-Мобиле Македонија за своите корисници организира ексклузивна претпродажна кампања за Samsung Galaxy S6 и Samsung Galaxy S6 edge. Новиот Samsung Galaxy S6 и Samsung Galaxy S6 edge во претпродажба можат да се купат само онлајн до 17 април. Корисниците можат да ги нарачаат телефоните на www.t-mobile.mk.

na-otvoranjeto-na-noviot-prodazhen-salon-t-mobile-so-50-popust-na-samsung-smart-telefonite-kafepauza.mk

Со нарачка на телефоните по електронски пат, корисниците добиваат дополнителни бенефиции: попуст на телефоните од 10 отсто, три месеци без месечна претплата, како и безжичен полнач.

Телефоните Samsung Galaxy S6 и Samsung Galaxy S6 edge се достапни во Доверба 24 за сите корисници на Play Comfort, Play Extra и Play Premium, а за бизнис корисниците со тарифните модели Business Promo L, Business Promo XL и Business Smart XXL. Корисниците ќе ги добијат нарачаните уреди после 21 април.

Новиот Samsung Galaxy S6 и Samsung Galaxy S6 edge се најтенките телефони на Samsung, изработени од најсофистицирани материјали, излеани во тенка, компактна, комплетно метална и стаклена конструкција. Galaxy S6 и Galaxy S6 edge се опремени со функција за брзо полнење на батеријата, која што овозможува гледање на видео содржини во висока резолуција дури до 2 часа. Дополнително, со можност за безжично полнење на батеријата, телефоните се подготвени за безбедно извршување на сите секојдневни обврски.

Како спој на прекрасна естетика и иновативна функционалност, уникатниот двојно заоблен раб на Galaxy S6 нуди нов начин за проверка и одговор на повици, пораки и електронска пошта, кој совршено се вклопува со сите дневни планови.

Телефоните Samsung Galaxy S6 и Samsung Galaxy S6 имаат предна 5-мегапикселна и задната 16-мегапикселна камера, секогаш подготвена за совршени фотографии пред сè како резултат на функцијата Optical Image Stabilisation, брзиот автофокус и поголемите леќи со f1.9 отвор, коишто покажуваат одлични резултати дури и при слаба осветленост. Камерата се вклучува исклучително брзо за само 7 секунди, при што овозможува да се фотографираат повеќе несекојдневни моменти.

Во редовна продажба телефоните Samsung Galaxy S6 и Samsung Galaxy S6 edge ќе се најдат во Телеком продавниците од 20 април.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Остави коментар