Неделен хороскоп од 17 до 23 октомври: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци?

Неделен хороскоп од 17 до 23 октомври: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци?

Оваа недела ќе биде под влијание на Меркур во Вага. Тоа значи дека ќе добиеме инспирација за внатрешен развој, но и ќе бидеме поттикнати да направи големи позитивни промени во животот- селење, менување работни места, прекинување на врските и започнување нови. Еве што ни предвидуваат астролозите за оваа недела.

Неделен хороскоп од 17 до 23 октомври: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци?

Овен

Оваа недела ќе мора да ги преиспитате обврските и плановите. Можеби ќе треба да го промените распоредот за да бидете попродуктивни или да промените некои лоши навики. Не дозволувајте критиките да ви влијаат негативно. Почитувајте ги конструктивните забелешки, искористете ги за да научите нешто, а заборавете на злонамерните. Освен тоа, посветете си себеси повеќе време за одмор.

Бик

Главна тема оваа недела ќе бидат љубовните врски. Можеби чувствувате дека се случуваат чудни промени во вашиот личен живот. Од една страна, ќе ви се чини дека е дојдено време да ја официјализирате врската со партнерот. Од друга страна, се сомневате дека партнерот е способен да одговори на вашите финансиски потреби. Астролозите ве советуваат денес да не се занимавате со финансиски работи бидејќи тие можат да доведат до конфликт.

Близнаци

Фокусот ќе биде ставен на семејниот живот и уредувањето на домот во согласност со правилата на фенг шуи. Ако живеете со вашите родители, ќе биде тешко да избегнете напнати или конфликтни ситуации. Сепак, обидете се да направите компромиси и да направите нешто што ќе им користи на сите.

Рак

Оваа недела ќе патувате и ќе запознаете многу луѓе. Ќе ви биде интересно да комуницирате, да ги проширите вашите перспективи и искуства. Можеби ќе добиете гласини кои ќе ве изненадат, а можеби ќе бидете разочарани од некој што го познавате. Сепак, ве очекуваат и многу позитивни, радосни моменти. Оние кои патуваат сами имаат шанса да ја запознаат љубовта на својот живот.

Лав

Во текот на оваа недела најмногу ќе се грижите за материјалната благосостојба. Се обидувате да најдете начини да заработите повеќе пари. Сепак, сè што сакате да постигнете ќе бара одредени финансиски трошоци. Вашите соништа тешко ќе се остварат без пари како почетен капитал. Добрата вест е што можете да побарате помош од вашите најблиски.

Девица

Денеска ќе сакате да ги изненадите пријателите. Поканете ги на вечера, подгответе некоја убава и необична храна и вино. Оваа недела ќе биде добра и за промена на имиџот – размислете за промена на бојата на косата или стилот на облека. Не заборавајте дека промените се секогаш добри бидејќи внесуваат нова енергија во животот.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар