Неделен хороскоп од 14 до 20 март во поглед на кариерата, љубовта и здравјето

Неделен хороскоп од 14 до 20 март во поглед на кариерата, љубовта и здравјето

Само што започна нова недела и сигурно се прашувате како ќе се одвива. Сепак, не грижете се бидејќи астролозите се тука да ни помогнат со своите предвидувања. Во продолжение прочитајте го неделниот хороскоп од 14 до 20 март.

Неделен хороскоп од 14 до 20 март во поглед на кариерата, љубовта и здравјето

Овен

Ве очекува голем напредок на полето на кариерата со оглед на тоа што конечно имате јасна цел и визија. Оваа недела ќе биде совршен момент да внесете нови промени во животот. Некој ќе се обиде да ги искористи вашите идеи во своја полза, па затоа внимавајте да не бидете измамени. Ве очекува патување со партнерот, а вашето здравје ќе ве служи беспрекорно.

Бик

Оваа недела ќе станете свесни дека длабоко во вас се крие извор на голема моќ. Ќе сфатите дека не ви е потребна нечија помош за да се справите со проблемите што ги имате. Од друга страна, ќе бидете загрижени за здравјето на некој од најблиските. Оваа недела ве очекуваат и многу обврски, но не грижете се, сè ќе биде во ред. Долго време чекавте да разговарате со некого за проблемите што ве тиштат, но тоа ќе ви се оствари токму овие денови. Внимавајте на здравјето, особено во втората половина од неделата.

Близнаци

Оваа недела ќе бидете особено сочувствителни и пријателски настроени кон другите. Со оглед на тоа дека сте љубезна и чувствителна личност, не земајте ништо здраво за готово. Сепак, постои ризик после неколку дена да почнете да се однесувате рамнодушно кон сè. Токму во овие моменти партнерот ќе ви помогне повторно да бидете онаа која сочувствува со другите. Тоа ќе биде еден вид терапија за вас. Нема да наидете на никакви проблеми во поглед на здравјето.

Рак

Неочекувана финансиска добивка ќе ве израдува вас и членовите на вашето семејство. Работите ќе продолжат да се движат во очекуваната насока и оваа недела. Овој период е одличен момент и за промени во вашиот дом. Сепак, чувајте ги децата подалеку од друштвени собири. Доколку сè уште не сте во врска, постои голема веројатност дека набргу ќе ја пронајдете својата сродна душа. Во поглед на здравјето, ве очекуваат проблеми со стомакот.

Лав

Ќе ги искористите сите извори кои ви стојат на располагање за остварување на вашата цел. Одлуките што ги донесовте врз основа на вашата интуиција ќе ви го подобрат економскиот живот. Вашиот љубезен карактер ќе освои нечие срце, а тоа ќе биде прв чекор кон вашата нова врска. Со други зборови, ве очекува авантура на љубовен план. Нема да имате никакви проблеми во поглед на здравјето.

Девица

Посетата од блиски роднини или познаници ќе ви ја разубават неделата. Значително ќе се зголеми вашата самодоверба што ќе ви овозможи да преземете нови иницијативи на работа. Сепак, внимавајте напнатоста која ја чувствувате веќе подолго време да не влијае врз вашиот однос со другите. На вашиот љубовен живот му претстои позитивен пресврт, а и вашето здравје ќе се подобри исто така. Доволно е да избегнувате мрсна и зачинета храна.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар