Љубовен астролошки профил за женски овни

Љубовен астролошки профил за женски овни

Дали сте самоуверени, одлучни и се чувствувате удобно во сопствената кожа? Дали сакате енергично да го живеете животот и да искусите безброј авантури кои ќе ви го забрзаат отчукувањето на срцето? Доколку одговорот е да, тоа значи дека сте подготвени да бидете со некоја девојка која е во хороскоп овен.

„Првата“ дама во зодијачкото тркало честопати се нарекува и мажествена жена, бидејќи е исто толку силна, одлучна и самоуверена како мажите. Таа има силен натпреварувачи дух, кој ѝ овозможува да биде подобра од сите во работата на некој проект, но сепак ќе остане правична во распределбата на заслугите и заработката. Таа вешто и бурно го користи секој миг од нејзиниот живот, но сепак има време и за една фантастична романтична вечера со нејзиниот љубен. За оваа жена ќе имате неверојатно голема страхопочит, која таа секако ја заслужува.

Љубовен астролошки профил за женски овни

Ќе можете ли да излезете на крај со жена која може да му биде еднаков ривал на Супермен? Таа е предводена од планетата Марс, која ја симболизира божицата на војната. За некои, таа може да делува пренападно и да изгледа како да ѝ е битен само личниот интерес и ничиј друг. Нејзината нетрпеливост и постојаната потреба работите да се завршат добро, ја тераат постојано да копнее кон задоволство. Кога бара нешто од некој, таа сака тоа да се реализира во истиот тој момент, за да може одма да ужива во добиените резултати. За оваа жена, битно е да се разбере дека неа во суштина не ѝ е потребно никогаш ништо, но кога една во 100 години ќе побара нешто од некој, ќе го добие па мајка Јана да ѝ е.

Љубовен астролошки профил за женски овни

Доколку сакате да заведете некоја девојка со хороскопски знак овен, мора да сте иницијативна личност која сака да презема акција. Таа сака да почувствува дека сакате да застанете поред неа, а не „над“ неа. Не обидувајте се да ѝ оставите впечаток дека сакате да ја победите и совладате во нешто. Запомнете дека оваа жена би сакала покрај себе да има силен маж, кој би можел да ѝ биде партнер во завера, меѓутоа таа попрво не би имала никаков маж, отколку некој погрешен за неа.

Бидете самоуверени, но не арогантни, освен доколку успеете да го балансирате вашиот жежок темперамент со добра смисла за хумор. Неа нема да ѝ биде незгодно да ви ја возврати дрскоста во многу полош облик, така што доколку можете да излегувате на крај со нејзината врела крв, правете го тоа со насмевка. Морате да бидете искрени и непоколебливи кога ќе ја повикате на состанок. Кажете ѝ дека ви се допаѓа и што сакате да правите со неа, во романтична смисла на зборот.

Љубовен астролошки профил за женски овни

Со сета нејзина интелигенција и наметливо покажување смелост, оваа жена може да делува малку смотано кога станува збор за нејзината емотивна страна. Таа е роден флертувач и умее толку директно и отворено да разговара, што предизвикува сите околу неа да се зацрвенат. Таа може да не верува дека вие сте сериозни во врска со неа. Доколку не ѝ го кажете тоа јасно и гласно, таа може да си помисли дека сакате само да бидете слатки. Таа брзо ќе се вљуби во некој кој ќе биде способен да ја опсипе со романтики.

Кога ќе ја носите на рандеву, обидете се да ги направите тие моменти да се помнат вечно. Девојките родени во знакот овен, попрво ќе сакаат да ја поминат саботната вечер играјќи фудбал со своите другари, отколку да седат дома и да се досадуваат. Однесете ја на некое ново отворено место или на некој екстремен спорт. Таа навистина ќе ве цени доколку ѝ пружите добра авантура.

Исто така таа цени, доколку направите некој храбар потег. Само затоа што сте се осмелиле да ја поканите да излезете, не значи дека сте храбар. Доколку вашите обиди за флерт се добредојдени, но таа сѐ уште се однесува малку срамежливо, тогаш треба вашата игра да ја однесете на повисоко ниво. Големи се шансите да ѝ се допаѓате, но таа сè уште да се мисли што да прави со вас. Па може најдобро ќе биде да се обидете да ја бакнете. Бакнежот нека биде нежен и страстен од што ќе ѝ се стресат колената. Не грижете се доколку добиете шлаканица како одговор. Само насмевнете се и дадете ѝ комплимент за бакнежот.

Љубовен астролошки профил за женски овни

Кога сте со вашата девојка со хороскопски знак овен, има неколку клучни моменти кои морате секогаш да ги имате на ум. Прво, задржете ја вашата природна самодоверба. Таа мора да знае дека вие сте заинтересиран и дека вредите за да ви го посвети нејзиното внимание. Обидете се да го направите ова, без да личи дека се обидувате премногу да се докажете. Второ, покажете ја вашата смисла за хумор. За жените родени во знакот овен, многу е важно некој да успее да ги насмее. Таа цени добар хумор, сѐ додека не се преминат границите и доколку шегите не се на нејзина сметка.

Сексот со девојките родени во знакот овен е многу страстен. Надвор од спалната соба тие се многу доминантни, но кога станува збор за сексот, тогаш тие оваа улога му ја препуштаат на машкото. Вие треба да се приспособите на нејзината игра и да ги следите нејзините емоции и чувства. Многу често сака подив сексуален живот, иако понекогаш и малку нежност добро ѝ доаѓа. Девојките родени во знакот овен сакаат да се чувствуваат посакувано и привлечно. Колкава страст добиваат, толкава страст возвраќаат.

Љубовен астролошки профил за женски овни

Сакате да ја задржите оваа жена во вашиот живот? Тоа ви е паметен чекор, бидејќи жената со хороскопски знак овен може да биде најдобриот партнер кој некогаш сте го имале. Повеќето луѓе од страна може да ви велат дека за да ја задржите покрај себе, ќе морате да ја предизвикувате. Но бидете внимателни, таа ќе се измори од вашите игри и ќе ве напушти. Запомнете дека вие не сте ѝ потребен на неа, туку таа треба да ве посакува.

Љубовен астролошки профил за женски овни

Кога жена родена во знакот овен сака нешто, таа се бори за тоа и на крајот го добива. Таа е храбра, успешна и енергична и ќе создаде со вас живот, на кој секој ќе позавиди. Сѐ што таа очекува од вас е да ѝ покажете разбирање. Како претставничка на огнените знаци, таа е многу темпераментна, но многу лојална личност. Морате да сфатите дека таа е независна личност, но пријателите играат голема улога во нејзиниот живот. Таа е моќен лидер, кој е секогаш спремен за акција. Доколку еднаш успеете да ѝ го освоите срцето, ќе имате мир засекогаш.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. Nina Reply

    точно од збор до збор 😀

  2. Христина Reply

    🙂

  3. She Reply

    se e pogodeno! 🙂

  4. MM Reply

    napravete i za bik

  5. veronika Reply

    За оваа жена, битно е да се разбере дека неа во суштина не ѝ е потребно никогаш ништо, но кога една во 100 години ќе побара нешто од некој, ќе го добие па мајка Јана да ѝ е. 😀 😀 😀

  6. emce Reply

    AJDE I ZA BLIZNACIIIIIIIIIIIIIIIIIIIIIIIIIIII

  7. milenka Reply

    AJDE KE BEGAM OD ZEMJAVA, POBRZAJTE SO STATIJATA ZA ZENSKI BLIZNACI 🙂

    • Кафе пауза Reply

      Ќе бидне и тој профил за неколку недели. Убав помин каде и да одиш и не се грижи, ќе ги прочиташ нашите профили и од таму, сигурно ќе најдеш WI-FI 🙂 Поздрав

  8. moni Reply

    VE MOLIM NAPRAJTE I ZA BIK =)))

  9. Име Reply

    Од збор од збор точно!

  10. ангела Reply

    добро ме опишавте………тоа сум јас 😀

  11. smesko Reply

    opisaste me mene, od a do s sve tacno :)) zena spremna za avanturu uvek!:D

  12. Ana Reply

    Napravete i ljuboven astroloski profil za zenski vagi 🙂

  13. smesko Reply

    napravete luboven astroloski profil i za zenski devici

Напиши одговор на ангела Откажи одговор