Како Ракот може да стане подобар партнер во врската?

Раковите се добри и чувствителни луѓе. Секогаш сакаат да помогнат, но нивната преголема емотивност понекогаш им наштетува. Ако вие или вашиот партнер сте припадници на овој знак, прочитајте како да ја подобрите вашата врска.

Како Ракот може да стане подобар партнер во врската?

Треба да бидете внимателни да не се давате премногу себеси зашто еден ден ќе се „разбудите“ и ќе се чувствувате празно. Не треба постојано да се жртвувате или да вложувате 110% од себе за да ја одржите врската. Ако ѕирнете длабоко во себе, ќе откриете дека понекогаш го правите тоа за да ја одржите вашата слика за врската. Од кои причини и да го правите тоа, престанете да правите нездрави компромиси и да ги ставате вашите потреби на страна.

Понекогаш го напуштате сопствениот пристап кон нештата за сметка на оној на партнерот, но треба да останете верни на себе и на работите што ви се важни.

Ако сакате вашата врска да успее, почнете да кажувате кога се чувствувате неисполнети на кој било начин или акo има нешто од што не сте задоволни. Единствениот начин да ги искажете вашите емотивни потреби е преку зборување за нив и само така ќе можете вистински да се поврзете со вашиот партнер. Вие сте во длабок допир со вашите емоции, но не ги изразувате лесно. Направете чекор надвор од вашата зона на удобност за да го направите тоа. Треба да престанете да бидете тивки за да го задржите мирот. Бидете похрабри и комуницирајте кога е потребно. Мора да престанете да велите дека работите се добри и кога не се. Ако се презаситите ќе го напуштите партнерот, оставајќи го повреден и збунет.

Се фрустрирате кога вашиот сакан не се грижи за вашите мисли и емоции, но вие нив ги чувате во вашиот внатрешен свет. Вие сте екстремно емотивно приврзани, но сепак одбивате да му дозволите на партнерот целосно да влезе во вашиот живот. Престанете да се обидувате да се заштитите и отворете се – покажете му ја меката внатрешност под таа тврда надворешна обвивка. Тој не може да ги задоволи вашите емотивни потреби ако не знае што се случува внатре.

Наместо да се повлекувате кога се чувствувате повредено или да го напаѓате партнерот, обидете се да бидете искрени. Кажете му дека се чувствувате луто, вознемирено или условено. Аргументите, недоразбирањата и несогласувањата се нормални. И, кога ги имате, тоа не значи дека вашата врска е уништена. Не се вознемирувајте и неутрализирајте ги чувствата на партнерот кога тој ќе го стори истото. Тоа што понекогаш ќе ви се спротивстави не го прави негативец или непријател.

Треба да се чувствувате сакани 24/7. Но, вие имате потреба од постојано уверување дека е тоа така, па понекогаш и претерувате со тоа. Се чувствувате навредено кога вашиот партнер прави нешто сам. Треба да научите како да му дозволите да има личен простор, без да се чувствувате изоставено. Ова не значи дека тој не ужива да поминува време со вас. Но, понекогаш му треба тој простор за да ги наполни „батериите“. Кога не сте заедно престанете да го прашувате постојано каде е и со кого е. Не мора секогаш да знаете што се случува. Со вашата потреба да бидете во постојан контакт можете да го „задушите“ вашиот партнер.

Престанете да реагирате на мали нешта и да правите „од мравка – слон“. Размислете пред да реагирате. Запомнете дека не секој е толку чувствителен како вас. Вашиот сакан има свои граници и може да се замори од прекумерна драматизација.

Треба да почнете да му верувате на партнерот. Тој нема да ве остави ако не претерате. Престанете да се однесувате како „доктор Џекил и мистер Хајд“, така правите партнерот да се чувствува лошо. Не ги тестирајте чувствата на партнерот постојано и не ги истурајте вашите фрустрации врз него.

Во еден момент сте длабоко поврзани со партнерот, па се оддалечувате. Вашата потреба од доминација и извртување на нештата во ваша корист не носи ништо добро. Запомнете дека вашиот партнер е личност, а не „алатка“ за подигање на вашето его. Не ја внесувајте вашата несигурност во врската. Така врската може да се распадне. Вашиот партнер не треба да пати поради вашите маани.

Прочитајте и сè што треба да знаете и да разберете за Ракот во вашиот живот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар