Јули ќе биде најдобар месец од годината за овие 3 хороскопски знаци

Јули ќе биде најдобар месец од годината за овие 3 хороскопски знаци

Дури и ако ги тргнете настрана забавите покрај базен, деновите на плажа и топлите ноќи, јули ќе биде неверојатен месец. Овој месец има не една, туку 2 еклипси, а ова значи дека ќе се случи нешто што ќе ви го промени животот. Во астрологијата еклипсите го означуваат крајот на едно и почетокот на ново поглавје во животот. Иако некои транзиции може да се покажат како навистина тешки, нема да стигнете на посакуваната дестинација ако стоите во место. Ако вашиот знак е еден од следниве 3, подгответе се за позитивна трансформација.

Јули ќе биде најдобар месец од годината за овие 3 хороскопски знаци

1. Рак

Ова е вашата сезона. Време е да ја носите круната која ви одговара. Овој период ја апсорбирате љубовта и светлината и ќе ја трансформирате во нешто неверојатно. Ќе се потсетите на изминатата година од вашиот живот, ќе се сетите на успесите и неуспесите и ќе размислите за сè што сте научиле. Сега е време да го заборавите минатото и да тргнете чекор напред. Верувајте дека следната година ќе ве однесе уште поблиску до посакуваната дестинација. Со соларна еклипса во вашата прва куќа, вашиот роденден ќе биде неверојатен и ќе биде период на промена што никогаш нема да ја заборавите. Време е да создадете нов идентитет, да ги раширите вашите крилја и да полетате.

2. Лав

Овој период ќе добиете важни пораки од вашата потсвест. Преку соништа, визии, уметност и размислување ќе нурнете во вашиот внатрешен свет и ќе го сакате секој дел од него. Ова е период на подмладување и повторно оживување на љубовта што ја имате кон себе. Некоја мисла може да се претвори во конкретна идеја и кон крајот на месецот ќе бидете мотивирани да ја претворите идејата во реалност. Промената што почнува однатре ќе се истакне за време на соларната еклипса. Не заборавајте да ги запишувате вашите соништа и мисли и да работите на духовниот развој. Слушајте ја вашата душа.

3. Стрелец

Вие ќе имате навистина магична трансформација. Овој месец вистинска страст ќе го обземе вашето срце. Како што еклипсата ќе се смести во вашата осма куќа, очекувајте да се случи нешто неверојатно, нешто што ќе ве натера да излезете од вашата кожа и да се ослободите од ограничувањата. Кога вашата владејачка планета, Јупитер ќе почне да се движи на 10-ти јули, ќе најдете ново чувство на удобност во вашиот свет. Поминавте многу време барајќи се себеси. Сега е време да му се посветите на она што го пронајдовте.

Дознајте и како ќе си помине секој хороскопски знак овој јули.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар