Едноставно неодоливи: Астрологијата ви открива зошто се заљубувате во лоши момци

Иако знаеме дека не се добри за нас, сепак тоа не нè спречува… Токму затоа и одлучивме да ви откриеме какви лоши момци ве привлекуваат според хороскопскиот знак. Тие не се најдобар избор, но вие одново и одново паѓате на нивниот шарм. Зошто?

(1) ednostavno-neodolivi-horoskopot-vi-otkriva-zoshto-se-zaljubuvate-vo-loshi-momci

Овен

Жените родени во знакот Овен обично наседнуваат на момци кои во почетокот се прилично заинтересирани, но со текот на времето почнуваат да се повлекуваат (кога станува сериозно). Често од нив можете да слушнете: „ Не сакам сериозна врска во моментов!“.

Бик

Жените родени во знакот Бик, премногу им веруваат на луѓето. Затоа често пронаоѓаат озлогласени измамници со кои тешко се воспоставува нормален однос.

Близнаци

Близнаците имаат неверојатна позитивна енергија, па често ги привлекуваат луѓе кои шират негативна. Жените кои се родени во знакот Близнаци тешко се справуваат со ваквите личности, но и покрај тоа, тие повторно избираат „вампири“ кои им ја цедат енергијата.

Рак

Раковите имаат навика да се жртвуваат за другите, и момците често ја забележуваат оваа особина. Жените родени во знакот Рак ги привлекуваат пасивни момци кои сакаат некој друг да ги завршува нивните работи.

Лав

Жените родени во знакот Лав понекогаш можат да бидат заслепени од материјални работи. Момците со прекрасни автомобили, убави станови, кои ги водат на скапи вечери веќе се на половина пат во освојувањето. За жал, припадничките на овој знак, често пронаоѓаат момци кои се прекрасни однадвор, а под нивниот убав изглед, лежи лош карактер.

Девица

Девиците често „паѓаат“ на своите бивши партнери кои упорно тврдат дека се промениле. Затоа често им даваат уште една шанса и пробуваат одново и одново со истиот партнер, и касно забележуваат дека тој всушност не се променил ниту малку.

Вага

Вагите се избалансирани личности – а тоа ги привлекува психопатите. Ниеден знак како овој, не може да привлече толку „чудаци“ одеднаш.

Скорпија

Скорпиите се неверојатно сексуално привлечни, па редовно привлекуваат лоши мажи. Жените родени во знакот Скорпија веднаш можат да препознаат кој човек не им мисли добро, но што полошо се понесува, толку им е повозбудлив.

Стрелец

Жените родени во знакот Стрелец ја сакаат својата слобода и безволно се врзуваат за други, а потоа посесивно ги сакаат само за себе. Тие привлекуваат љубоморни момци кои имаат потреба од поврзување.

Јарец

Жените родени во знакот Јарец, во главно се многу организирани и амбициозни. За жал, тие често „паѓаат“ на момци кои се потполно спротивни – спори и немарни.

Водолија

Жените родени во овој знак се трпеливи личности. За жал, поради тоа често се искористувани.

Риби

Рибите веруваат дека постои добро во луѓето и дека секој човек може да се промени. Доколку имаат партнер со лош карактер, веруваат дека можат да го променат и тоа обично не завршува добро.

Прочитајте и како да ги препознаете хороскопските знаци во кафуле.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент по Македонски јазик и книжевност. Кога не пишува - чита, и обратно. Сигмунд Фројд, нејзините миленичиња, цртани, Фреди Меркјури, стари предмети и Мото ГП.

Поврзани содржини

Остави коментар