Како ќе ги препознаете хороскопските знаци во кафуле?

Знаците во зодијакот се разликуваат по многу нешта. Некогаш можеме дури и да ги препознаеме само по нивното однесување. Па, како се однесува секој хороскопски знак во кафуле и како лесно да го препознаете?

Како ќе ги препознаете хороскопските знаци во кафуле и како да им пријдете?

Овенот е најгласен

Ако сакате да бидете сигурни дека во кафулето има Овен, тогаш треба да одите онаму каде што има пренос на некој натпревар. Побарајте некој што носи црвено или нешто впечатливо, околу себе има голема група луѓе, а во неа тој е најгласен. Делува агресивно и полн е со себе, а ако сакате да му пријдете најубаво е тоа да го направите директно. Ќе ја цени вашата храброст, а нема да го одбие и понудениот пијалак.

Бикот се смешка од сенка

Припадниците на овој знак седат мирно, набљудуваат сè што се случува околу нив и тоа им предизвикува насмевка на лицето. Со тоа покажуваат дека им е забавно и пријатно, а ако ситуацијата не е таква, тие одма си заминуваат. Ако сакате да ги освоите, подобро да почекате тие да го направат првиот потег, но пред тоа ќе мора да им дадете јасни сигнали така што ќе ги гледате подолго време. Предложете им дружење за време на вечера.

Близнаците си разговараат гласно со келнерите

Припадниците на овој знак се оние што во кафулето изгледаат дека секогаш им е интересно, но и тие на сите им се интересни. Тие ги познаваат сите келнери и локалната екипа, ги забавуваат другите со своите приказни и изгледаат како дел од „инвентарот“. Нивниот интерес можете да го привлечете со таинствено држење, но ако дојде до разговор, никако не смеете да молчите – зборувајте колку што можете побрзо, а тие ќе ве пратат.

Ракот е домаќинот на масата

Припадниците на овој знак секогаш се во група и многу ретко сами седнуваат на кафе или пијалак. Се однесуваат пристојно, се грижат дали сите се послужени и се трудат да го вклучат целото друштво во разговорот. Се однесуваат како да се домаќини, па најдобар начин да ги заинтересирате е доколку прво ги гледате и им се насмевнете, а после тоа направите да изгледа дека ви треба помош – совет за некоја адреса, најдобар пијалак или барате од нив некоја друга информација за почеток на разговорот.

Лавот наздравува

Припадниците на овој знак во кафулето се како во свое природно опкружување, особено ако целото внимание е насочено кон нив. Иницијатори се на собирања и добра забава, а невозможно е да не ги забележите затоа што се тип-топ средени. Весело наздравуваат со омилениот пијалак и ги поттикнуваат другите да се опуштат. Најдобар начин да им пријдете е да се смеете на нивните шеги, а нема да биде лошо ниту ако им дадете некој комплимент.

Девицата разговара со сите

Не е воопшто тешко да ги препознаете припадниците на овој знак – тие седат исправено, не се потпираат со лактите на масата и ја држат чашата според бонтон однесување. Во разговорите се пристојни, секому посветуваат внимание и поттикнуваат комуникација, па изгледаат многу љубезно и весело. Пред да им пријдете повремено погледнете ги, а штом го уловите нивниот поглед, кренете ја чашата во знак на наздравување. Потоа малку игнорирајте ги, па повторно погледнете ги. Тие сакаат такви игри.

Вагите го наметнуваат своето расположение

Припадниците на овој знак се елегантни и пожелни во друштво во кафулето, а еден од знаците за препознавање е дека тие се оние кои со себе носат нешто за јадење. Склони се да го наметнуваат своето расположение на целото друштво, па ако тие се добро расположени – сите ќе се забавуваат, но ако не се, можат да делуваат лошо врз атмосферата. Можете да ги освоите со хумор, но мора да звучите пристојно затоа што вулгарноста ги одбива.

Скорпиите се набљудувачи

Припадниците на овој знак најчесто седат на едно место од каде што имаат добар поглед на цел локал. Невозможно е да влезете во кафуле, а тие да не ве забележат и изгледаат како да се тајни агенти на задача. Обожаваат да ги набљудуваат другите луѓе, па понекогаш е проблем да се биде во нивно друштво и да го задржите нивното внимание. Ако сакате да им пријдете најдобро пред тоа дознајте нешто за нив па започнете разговор. Тие сакаат да зборуваат и да филозофираат, па искористете го тоа.

Стрелците брборат без престан

Барајте го најголемиот „брбливко“ во кафулето, бидејќи сигурно ќе станува збор за Стрелец. Како и Близнаците, така и Стрелците нема да се воздржат од дофрлање досетки упатени кон келнерите и непознатите, а пијалакот само дополнително ќе ги поттикне да зборуваат. Најдобар начин да им пријдете е ако најдете начин да ги предизвикате – обожаваат ако во нив се разбуди натпреварувачкиот дух и со тоа сигурно ќе го привлечете нивното внимание. Нема да биде на одмет ако им пратите пијалак.

Јарците сакат да прислушуваат

Припадниците на овој знак традиционално имаат „нивни“ три кафулиња па секогаш одат таму каде што се чувствуваат најпријатно и способни се таму да го повикаат целото друштво. Вообичаено седат на иста маса, а таа рутина на Јарците им дава чувство на опуштеност. Сакаат да го поминуваат времето во кафуле само ако имаат интересно друштво, а тие се способни истовремено да разговараат со вас и да го прислушуваат разговорот од другата маса. Пристапете им директно, затоа што колку сте похрабри – толку повеќе тие ќе бидат импресионирани.

Водолиите ги издава смеењето

Припадниците на овој знак како сунѓер го впиваат расположението на другите луѓе од масата, а нивниот израз на лицето најчесто е мешавина од забава, чудење и збунетост. Ќе ги препознаете по посебноста и гласното смеење со кое ги освојуваат луѓето. Тие делуваат посебно, па токму такви луѓе и нив ќе им бидат привлечни. Затоа со нив треба да бидете спонтани и многу оригинални ако сакате да им пријдете и да ги освоите.

Рибите навидум изгледаат таинствено

Припадниците на овој знак изгледаат повлечено и таинствено, но соговорникот секогаш го гледаат директно во очи и му посветуваат големо внимание. Можеби делуваат тивко, но сè што ќе кажат звучи промислено, логично и интелигентно. Исто така, имаат одлична смисла за хумор, но нема да се истакнуваат за да ги слушнат сите туку само луѓето што седат покрај нив. Пристапете им со некој романтичен гест или коментар, бидејќи тоа ќе им се допадне затоа што се познати по природното мечтаење.

Дознајте со кои хороскопски знаци е невозможно да се излезе на крај.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Психолог кој најдобро се изразува преку пишаниот збор. Нејзиниот личен лајтмотив гласи: „Остани своја и поинаква бидејќи само така ќе блеснеш во полн сјај!“

Поврзани содржини

Остави коментар