Сезоната на Лавот започна и ќе биде одлична за следниве хороскопски знаци

Сезоната на Лавот започна и ќе биде одлична за следниве хороскопски знаци

Доколку го читате ова, официјално сте ја преживеале сезоната на Рак, па потчукнете се по грбот, бидејќи го заслуживте тоа. Немаме ништо против саканите ракчиња, но сезоната на Рак ни приреди бурен период оваа година. За среќа, сезоната на Лав ќе биде најдобра за некои од знаците. Знакот Лав, кој е воден од Сонцето, претставува симбол на детето кое живее во вас.

(2) sezonata-na-lav-zapochna-slednive-znaci-kje-imaat-najdobar-period

Сезоната на Лав дава можности да бидете исполнети, бестрашни и целосно свои. Па доколку имате страст да се покажете во некој дел од животот или едноставно сакате да се забавувате, сега е одлично време. Никогаш не сте престари за забава, особено ако тоа ви носи насмевка на лицето. Па, забавувајте се и чувствувајте се слободно да направите нешто што ќе ви донесе радост.

Еве што ги очекува огнените знаци во сезоната што ни престои.

Овен: Излезете од вашата школка!

Дали можете да ја видите светлината, Овни? Најлошото, конечно е завршено и вие успеавте! Со Сонцето кое свети од вашата куќа на домот, семејството и емоционалната основа, за време на сезоната на Рак, веројатно сте биле совладани од чувствата… но тоа помина. Со осветлувањето на Сонцето во вашата петта куќа на радоста, романсата и креативноста, оваа сезона ќе сјаете со гордост и харизма. Оние кои се слободни, постои можност да започнат љубовна врска овој период.

Лав: Ви претстои благословена сончева револуција!

На здравје нека е уште едно патување околу сонцето! И покрај фактот што ви е роденден овој период, ви претстои рајски период. Што се наоѓа на вашата листа за оваа година? Кои се вашите соништа? Со сонцето во вашата дванаесетта тајна куќа на завршетоците, кармата и сите случувања ставени зад вас, можеби ќе треба да се соочите со вашите демони и да се ослободите од она што не ви оди во прилог. Сонцето сега свети во вашата прва куќа на себството и подготвени сте за вашето големо деби. Па време е да блеснете во најголемо светло.

Стрелец: Преминувате на „лошата“ страна

Дали сте подготвени за вашата следна авантура? Сонцето конечно свети во вашата скапа деветта куќа на образованието, патувањата и личната филозофија овој период, што значи време е за авантура во непозната територија. Сезоната на Рак ве натера да погледнете длабоко во себе и да се трансформирате емоционално. Доколку сте носеле товар со токсични емоции, сезоната на Рак била за испуштање на истите. Од друга страна пак, сезоната на Лав е за славење на вашата уникатна вистина и искористувањето на денот до максимум. Стрелци, искористете го денот!

Прочитајте и за кој хороскопски знак летото ќе биде највозбудливиот период од годината.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент по Македонски јазик и книжевност. Кога не пишува - чита, и обратно. Сигмунд Фројд, нејзините миленичиња, цртани, Фреди Меркјури, стари предмети и Мото ГП.

Поврзани содржини

Остави коментар